Најголемата ѕвезда на денешницата доживеа дебакл на Греми: Оваа пејачка триумфираше и извојува убедлива победа
Годинешните Греми награди имаа хуманитарен карактер, беа собрани пари за настраданите во пожарот во Лос Анџелес
Албумот на американската пејачка Бијонсе „Cowboy Carter“ ја освои наградата Греми за најдобар албум на годината, додека песната „Not Like Us“ на раперот Кендрик Ламар беше прогласена за најдобро видео и песна на годината на 67. Греми награди во Лос Анџелес.
Бијонсе оваа година имаше дури 11 номинации за својот осми студиски албум „Cowboy Carter“, а на крајот триумфираше во две големи категории – за најдобар албум на годината и најдобар кантри албум.
Американската музичка суперѕвезда успеа да ги победи Тејлор Свифт, Били Ајлиш и другите големи изведувачи и да ја добие наградата за најдобар албум - признание што и бегаше со години.
Да потсетиме, таа беше номинирана и за албумите „I Am... Sasha Fierce“ (2008), „Beyonce“ (2013), „Lemonade“ (2016) и „Renaissance“ (2022), но никогаш не ja освои ова награда - до сега.
Церемонијата на доделување на наградите се одржа во Crypto.com арената во Лос Анџелес и покрај фактот што многу јавни настани беа откажани поради разорните пожари што го зафатија градот. Дел од церемонијата беше посветен на жртвите од оваа катастрофа.
Раперот Кендрик Ламар ја освои наградата за видео и песна на годината за „Not Like Us“, песна инспирирана од неговата расправија со канадскиот рапер Дрејк.
Оваа победа е значајна затоа што Ламар ги победи Бијонсе, Тејлор Свифт и Били Ајлиш во оваа категорија и ја освои една од најпрестижните Греми награди.
Песната „Not Like Us“ беше објавена во мај 2024 година и е дел од серијата песни во кои Ламар отворено го критикува Дрејк. Песната, обележана со силен бас ритам, брзо стана симбол на рап звукот на американскиот Западен брег.
Сабрина Карпентер зеде дома две Греми
Младата поп сензација Сабрина Карпентер ја напушти церемонијата на доделување награди со две Греми награди, што дополнително го потврди статусот на една од најперспективните поп ѕвезди на денешницата.
Најдобар поп албум - „Short n' Sweet“
Најдобра поп вокална изведба – „Espresso“
Пејачката Чапел Роан, позната по хитот „Pink Pony Club“, е прогласена за најдобар нов изведувач. На сцената, таа ја искористи можноста да апелира до издавачките куќи да обезбедат минимални плати и здравствени придобивки за уметниците. Роан се присети на времето кога се чувствувала „дехуманизирана“ затоа што немала здравствено осигурување.
Греми награди за помош на жртвите од пожарот во Лос Анџелес
Годинешното доделување на Греми награди имаше и хуманитарен карактер, бидејќи дел од церемонијата беше посветена на собирање средства за луѓето погодени од големите пожари во Лос Анџелес.
Катастрофалните пожари однесоа 29 животи и принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, меѓу кои и многу музичари. Затоа организаторите на Греми одлучија да им помогнат на загрозените преку специјален фонд за помош.
Како се избираат добитниците на Греми наградите?
Добитниците на Греми наградите ги избираат 13.000 членови на Американската академија за уметности и науки за снимање, кои вклучуваат пејачи, текстописци, продуценти и музички инженери.
Фото: Youtube - screenshoot/ Инстаграм