Најмладиот хоспитализиран во кавадаречката болница има 26 години: Директорот Коцев уверува, има слободни болнички кревети

Евидентно расте бројот на новозаразените со корона вирусот, а во текот на викендот и министерот за здравство Венко Филипче потврди дека причина за зголемувањето на новите случаи е токму новата мутација, односно британскиот сој кој многу полесно се шири. Најголем број од новите случаи се регистрирани во Охрид, Прилеп и во Кавадарци.

Во разговор за Фактор, директорот на Опшатат болница во Кавадрци, д-р. Диме Коцев истакнува дека болничките капацитети не се преполнети и дека состојбата не е критична. Вели дека во кавадаречката болница, последните два ката се ковид-одделенија, а исполнет е само едниот кат каде се сместени 34 пациенти. Пациентите со потешка клиничка слика, како што истакнува директорот Коцев ги транферираат или на Клиниката за инфективни болести во Скопје, или пак во ГОБ „8 Септември“

-Капацитетот на КОВИД Центарот во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци изнесува 60 болнички кревети. Во моментов се хоспитализирани 34 пациенти, кои се во стабилна општа состојба. Имаме 26 слободни места. Од нив, 23 пациенти се од Кавадарци, а 11 пациенти се од Неготино. Возрасната група на хоспитализирани пациенти се движи од 26 до 78 години. Во овој момент, на постојана кислородна подршка се 23 пациенти , на повремена кислородна подршка се 4 пациенти, а на лекување без кислород се 7 пациенти. Упатуваме апел до граѓаните на Тиквешкиот регион, сериозно да ги почитуваат пропишаните мерки и протоколи за лична и колективна заштита, со цел да се намали брзото ширење на корона вирусот, истакнува директорот Коцев.

Повеќе информации за болницата во Кавадарци прочитајте на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк