Најмудриот совет за жените кои се зависни од шопингот

Во текот на пет децении Вивијен Вествуд поминала долг пат од панк провокаторка, до омилена британска модна креаторка и олицетворение на анти-модата. Нејзините креации се доказ дека облеката може да биде повеќе од обичен предмет, таа е вид на револуција, протест, бунт и став. Панк бабата, како ја нарекуваат младите генерации, е екстравагантна, необична и без влакна на јазик. Вовела ланци, искината облека и провокативна натписи на модните писти, а денес се неизоставен дел од панк облекувањето. 

Токму поради нејзината богата биографија и јасен став (помеѓу останатото е противник на капитализмот и учествувала во бројни кампањи за борба против глад) интересно е што има да каже во најновата видео порака која ја објави. Имено, нејзината омилена маичка има натпис кој всушност е нејзината порака и тоа како сама кажува е најдобра работа која некогаш ја кажала. Им препорачува на жените и тие да ја испишаат таа реченица со четка за боја, а пишува: „Купувајте помалку“!