Најпаметната маска на светот: Изгледа кул и 95 % ja убива короната

Покрај ефикасно прочистување на честичките од воздухот, маската на Разер исто така „ја поттикнува социјалната интеракција“ ...

Ова е „најпаметната маска на светот“, барем така тврди добро познатиот производител на компјутерски периферни уреди наменети за гејмерите на Razer.

Маската за повеќекратна употреба, наречена „Project Hazel“, е изработена од рециклирана пластика и опремена е со N95 филтер (затоа е класифицирана како хируршки респиратор). Покрај тоа што ефикасно прочистува 95 проценти од честичките од воздухот, вклучувајќи го и вирусот ковид-19, маската на Разер исто така ја „поттикнува социјалната интеракција“, бидејќи е транспарентна од предната страна, така што соговорниците можат да видат што си кажуваат едни на други.

Маската има и вграден систем кој се состои од микрофон, засилувач и звучник, што го засилува говорот на носителот, така што разговорот со маската на лицето нема да биде нејасен. Маската доаѓа со специјална кутија која има двојна функција. Покрај полнењето на батериите на овој гаџет против ковид-19 додека стоите во него, кутијата има вградена УВ-светлина што служи за стерилизација на маската.


Се претпоставува дека „Project Hazel“ ќе има придружна мобилна апликација, која ќе може да ја следи потрошувачката на батеријата, да го прилагоди волуменот на излезот, како и функцијата на светлосните прстени на рабовите на филтерот.

Маската на Razer сè уште е само концепт на финалниот производ, така што нема информации за цената, како и дали тој воопшто ќе се најде на пазарот.


Видео и Фото: Youtube/RAZER

Можеби ќе ве интересира:

Директорот на „Модерна“ шокира со изјавата: Корона вирусот ќе остане со нас засекогаш