Најподлата свекрва за која сте слушнале: Ја упропасти венчавката на синот и снаата, со погребот на покојната кралица Елизабета II

Фото: profimedia

Како што велат, додека еден ден не се стемни, другиот ден нема да осамне. Така и се случи за британскиот пар чија венчавка, по игра на судбината, беше закажана на денот на погребот на кралицата Елизабета. Така гостите наместо да слават, тагуваа. 

А сè било иницирано од мајката на младоженецот, која, се чини, толку многу го сакала најдолговечниот англиски владетел што го ставила нејзиниот погреб пред свадбата на сопственото дете. Или едноставно невестата не ѝ била доволно „по ќеф“.

Повеќето од присутните се појавиле во црно, а кога ги поздравувала гостите, невестата дознала дека нејзината свекрва им поставила „дрес код“  под изговор дека „младенците така сакале“. И сето тоа поради погребот на кралицата Елизабета, кој на дотичната ѝ бил поважен од свадбата на нејзиниот син. 

Прво таа побара од нас да ја откажеме свадбата

Во објава на „Редит“, која во меѓувреме е избришана, 29-годишната невеста ја изрази својата вознемиреност од однесувањето на родителите на нејзиниот сопруг Мет кои сакаа нивната венчавка да биде оддавање почит на покојната кралица.

Иако била свесна дека некои „тагуваат и сакаат да ѝ оддадат почит“, била шокирана кога мајката на Мет, Џејн, предложила да ја прекинат венчавката.

Сепак, не дошло до тоа, но свекрвата Џејн не сакала веселба, додека Чарлс ја оплакува мајка си.

И додека повеќето невести се грижат за другите гости да не носат бело, околу 70% од гостите на Џејн носеле црно во спомен на Елизабета.

„Бев вознемирена, но на крајот успеав да се контролирам. Меѓутоа, додека ги поздравував гостите, дознав дека мојата свекрва им рекла на сватовите да облечат црно на наше барање во чест на Елизабета“.

Погреб пред првиот танц

За време на приемот, невестата била фрустрирана бидејќи многу гости се повлекле во друга просторија за да го гледаат преносот на погребот.

„На пречекот многу рано почнаа да исчезнуваат еден куп наши гости, па кумата отиде да ги бара и се врати да ме земе. Тие беа во друга соба со телевизор и гледаа пренос. Многу од нив плачеа. Јас учтиво ги прашав дали сите ќе се вратат на нашиот прв танц, но Џејн рече дека се зафатени со славење на една одлична жена, што очигледно имплицираше дека јас сум спротивното“, додаде таа.

Во тој момент, невестата пукнала, велејќи ѝ на мајката на нејзиниот сопруг дека „е себична и дека му ја уништува венчавката на нејзиниот син“.

За да ги спречи најблиските на нејзиниот сопруг да го гледаат преносот, таа дури побарала од хотелот да го исклучи телевизорот, иако знаела дека ниту нејзините гости нема да се вратат на свадбата.

Извор: zena.blic.rs