Најпопуларната слика на Инстаграм: Кој го сруши рекордот на Кајли Џенер?

Социјалната мрежа Инстаграм од овој понеделник има нова фотографија со најмногу допаѓања. Досега рекордот го држеше Кајли Џенер со 18 милиони лајкови на фотографијата со нејзиното бебе, а новата сензација е обично јајце на бела позадина кое успеа да собере повеќе од 25 милиони допаѓања.

Објавата со јајцето е поставена на 4 јануари на профилот World record egg и преку ноќ стана вирална. Овој „триумф“ на јајцето Џенер не го дочека со скрстени раце. На постот одговори со нова објава, видеоснимка на која крши јајце на улица, а која доби повеќе од 11 милиони лајкови.