Најпопуларните практични фризури со кои ќе ја надминете есенската депресија

Повеќето од нас веќе се вратија од летните одмори и тргнаа со вообичаените дневни рутини. Секој септемвреи, особено жените се окупираат со промени. Освен со промените за работа и животниот стил, се врзуваат и промените на фрузирата, кои ни помгаат полесно да го прифатиме крајот на летото и есенската депресија. Ова се четирите најпопуларни фризури за оваа есен.

1. Виткана коса

Според инфлуенсерките, фенирањето или претераното користење на пегла е минато. Во есента што доаѓа ќе се носат виткани коси а во мода ќе бидат ситните кадрици.

2. Шноли за коса

Сите ние ги имаме по дома, по фиоките на собата или на бањата, но не сме навикнати да ги користиме надвор од дома. Овој тренд е неочекуван, но е многу практичен и сигурно дека брзо ќе се прифати.

3. Марами и венчиња

Веќе ги има низ продавниците за модни додатоци во сите можни бои и дезени. Нема да згрешите ако експериментирате со нив и се обидете со нешто поразлично.

4. Боб фризура со шишки

Не постои сезона во која не е тренд вечната боб фризура. Оваа есен ќе биде во мода нејзината опуштена (бушава) варијанта и тоа во комбинација со шишки.