Најпосакуваниот актер во 5-тата деценија живее со мајка му: Му ги растури сите врски, па засекогаш го врза за себе
Фото: Profimedia
Познатиот актер Бредли Купер во својата петта деценија живее со мајка си од која не се разделува, а се шпекулира дека таа му ги уништила сите врски
Животната приказна на Бредли Купер е поплочена со успеси и неуспеси, но и со тајни кои долго време ги чувал внатре. Тој е веќе во својата петта деценија и сè уште се смета за еден од најпосакуваните фраери наоколу. Меѓутоа, многумина ги разочара фактот што се „ожени“ со мајка си, па затоа ја носеше бурмата на татко му.
На жените им е многу тешко да го освојат неговото срце, па дури и кога тоа ќе се случи, нивната љубов многу брзо се распаѓа. Интересно е и да се шпекулира дека главниот виновник за неуспешните врски на актерот е неговата мајка.
Бредли сè уште живее со својата мајка Глорија, со која често се појавува во јавноста, а речиси и да нема настан каде таа не му е придружничка.
Освен длабоката меѓусебна поврзаност, една од причините што го натера актерот да живее со својата мајка и на 48 години, беше и смртта на неговиот татко, која и двајцата тешко ја поднесуваа. Имено, Глорија беше скршена од загубата на сопругот, па нејзиниот син ја замоли да се пресели во неговиот дом во Лос Анџелес, каде што таа остана до денес.
„И токму сега, две години по смртта на татко ми, еве не. Моето семејство е многу блиско, а смртта на татко ми беше брутална за сите нас. Не потресе сите и не сме целосно закрепнати. И затоа си требаме еден на друг. Значи, еве сме“, рече Бредли во интервју за „ЛА Тајмс“ во 2013-тата година.
Фото: Profimedia
Долго време се зборуваше дека актерот не може да има девојка бидејќи мајка му се меша во секоја врска, а таа одлучува со кого ќе биде.
Таа беше обвинета и за ненадејното раскинување со Ирина Шајк во 2019-та година, бидејќи Бредли е многу приврзан за неа, поради што не може да има подлабока врска со друга жена. Купер и мајка му се неразделни, а многу често ја носи на црвените килими, патува со неа, ја слуша без прашања, и кога е во прашање приватниот и деловниот живот.
Извор: stil.kurir.rs