Најскапиот накит носен на Оскарите

Блескав накит и вртоглави суми!

Ниеден црвен тепих не бил погламурозен како што е за време на Оскарите. Покрај скапите креации, ова е настанот каде се носи и најскапиот накит. Доколку се прашувате колку чини еден пар обетки или ѓердан, цените започнуваат од 20-тина милиони долари.

Ги издвојуваме за вас, најскапите парчиња на накит.

  1. Анџелина Џоли – во 2009-та година, таа носеше зелени смарагдни обетки од Лорејн Шварц, кои чинеа 2,5 милиони долари. Ова е еден од најскапите модни моменти на Оскарите

2.Шарлиз Терон – Во 2013-та година таа носеше бел долг фустан од модната куќа Диор,каде што овој изглед беше дополнет со дијамантски алки на рацете кои чинеа 4,5 милиони долари.

3.Ен Хетвеј – во 2011-та година, оваа млада дама ја имаше главната улога на водител на доделувањето на Оскарите. Својот Валентино изглед, таа го надополни со дијамантска огрлица од Тифани која чинеше 10 милиони долари.

4.Никол Кидман- оваа порцеланска убавица, во 2008-та година носеше дијамантска огрлица Ловрен Скот,која беше дизајнирана лично за неа, сочинувајќи 7,500 дијаманти, а за рачната изработка вкупно одземало 6,200 часови за да се изработи.

5.Џенифер Гарнер – Дијамантска огрлица од Неил Лејн која чинеше 2.5 милиони долари

6.Глорија Стујарт- Се сеќавате на синото срце од филмот „Титаник“ зар не? Оваа дама беше номинирана за Најдобра споредна улога во легендарниот филм „Титаник“, која притоа носеше 15 каратен плав дијамант во форма на срце од Хари Винстон во 1998-та година

7.Кејт Винслет- оваа нежна убавица на доделувањето на Оскарите во 2010-та година носеше жолт дијамантски ѓердан, изработен од Тифани, чија цена изнесуваше 2,5 милиони долари

8.Ејми Адамс- Во 2011-та година, оваа актерка носеше накит од Картие, вклучувајќи и огрлица,алка и обетки, во вредност од 1,3 милиони долари

9.Гвинет Палтроу- кој би можел да го заборави изгледот на Гвинет во 2012-та година за време на Оскарите?Нејзиниот совршен фустан од модната куќа Том Форд, беше дополнет со дијамантска алка од Ана Ху,која чинеше 1 милион долари.

10.Сандра Булок- Една од поомилените актерки на 90-тите но и на денешницата, во 2014-та година носеше обетки кои чинеа 1,8 милиони долари,и алка во вредност од 6.4 милиони долари.

11.Кејт Бланшет- комбинацијата на накит што оваа убавица ја носеше за време на Оскарите во 2014-та година, чинеше 18 милиони долари.

12.Џенифер Лоренс – Кој би можел да го заборави ѓерданот што го носеше Лоренс одзади на самиот грб? Овој ѓердан, чинеше 2 милиони долари.

13.Шарлиз Терон – Оваа дама, во 2014-та година носеше ѓердан од Хари Винстон во вредност од 800,000 долари

14.Маргот Роби- Овој „vintage“ ѓердан бил направен за Војвотката од Виндзор.Изработен со 150 дијаманти и 300 сафири, овој 18 каратен ѓердан е проценет дека вреди 1.9 милиони долари

1

15.Кејт Бланшет- цената на овој ѓердан е толку висока што Тифани & Ко не сакаа да ја споделат вредноста на овој ѓердан во јавноста.