Најскапите коктели на светот чинат колку еден стан: Во што е тајната?

Да, добро прочитавте. Доколку би ги нарачале овие три ексклузивни пијалоци, ќе сфатите дека за тие пари може да си купите недвижен имот.

Велат дека секој производ има ској купец, па и ситуацијата со овие коктели е иста. Додека на некој му е незамисливо една часа алкохол да чини десетина илјади долари, друг со веќе ја има нарачано и ужива во неа.

Доколку ги нарачате овие 3 најскапи коктели на светот, вкупно ќе ве чинат 42.600 долари, што во превод би значело како еден мал стан или неколку добри автомобили.

На прво место е „Diamond Is Forever“, коктел со 18-каратно злато на чашата. Се послужува во хотелот „Ritz-Carlton“ во Токио, а содржи „Grey Goose“ водка, лимета. Самиот дијамант кој се наоѓа во чашата вреди 16.000 долари, па затоа останатите состојки нема потреба да бидат прескапи. Ова задоволство чини 22.600 долари.

Вториот коктел на листата се вика „Ono Champagne“ и вреди околу 10.000 долари. Него може да го пиете во Лас Вегас, во хотелот „The Encore Wynn“. Составен е редок вид на шампањ од 1981 година, потоа коњак „Luis XIII Black Pearl“, свеж сок од портокал, сок од кајсија, нектар од ружа. На крајот се додаваат две коцки лед.

„Martini on the Rock“ е уште еден „бисер“ помеѓу коктелите, кој чини 10.000 долари. Се послужува во хотелот „The Algonquin“ во Њујорк и е најскап во целиот град. Исто така доаѓа со дијамнт, што го оправдува називот „rock“ (камен). Толку е посебен што мора да го резервирате три дена порано, доколку сакате да го пробате. Во зависност од избраниот дијамант цената може да се искачи и до 15.000 долари.

* Не го направи Том Круз, но е најлудиот: Дали би го пробале овој коктел?