„Најтажната принцеза на светот“ се врати во Монако, новите фотографии загрижуваат: Целосно е скршена и не личи на себе, фановите загрижени!

По 10 месеци во Јужна Африка и бројни контроверзии и шпекулации за причините за отсуството на принцезата Шарлин, таа конечно се врати во Монако, а медиумите ја опишаа повторната средба со децата и нејзиниот сопруг како „радосна и полна со емоции“.

Шарлин се врати во Монако рано наутро во понеделникот, откако леташе со приватен авион од јужноафриканскиот град Дурбан до Ница во Франција. На средбата со семејството таа носеше маска за лице, а нејасно е зошто само таа носи маска, но тоа би можело да е поврзано со нејзините неодамнешни здравствени проблеми, пренесува „Дејли мејл“. 

„Беше голем предизвик да се биде таму, но во исто време е прекрасно кога се враќам во Јужна Африка. Би сакала да им се заблагодарам на лекарите во Јужна Африка кои направија одлична работа да ми помогнат и со нетрпение очекувам да се вратам кај мојата деца“, рече 43-годишната принцеза пред полетувањето.

Принцезата за своето патување се одлучи за удобен и лежерен стајлинг - фустан во боја на кожа, црн мантил со миди должина и црни кожени чизми над колената. Шарлин е видно послаба од пред да замине и изгледаше многу кревко, а медиумите тоа го препишуваат на фактот дека имала неколку операции за време на престојот во Јужна Африка. Таа во неколку наврати зборуваше за борбата против здравствените проблеми, но не сакаше да прецизира за што се работи. 

„Принцезата е добро расположена и со нетрпение чека да се врати дома“, изјави портпаролот на кралското семејството, додека Мајк Висток, таткото на Шарлин, истакна дека е среќен бидејќи неговата ќерка се вратила во Монако. „Фала му на Бога што се врати дома“, кратко прокоментира тој. 

Да потсетиме, повеќемесечното отсуство на оваа 43-годишна жена, која често ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“ поради тажниот израз на нејзиното лице, ги поттикна гласините дека нејзиниот брак со принцот од Монако дошол до крај. Сепак, и двајцата остро ги негираа ваквите наводи.


Фото: Профимедиа/Princess Charlene of Monaco Foundation SAfrica/screenshot

„Проклетства“ на кралското семејство во Монако: Трагичната судбина на Грејс Кели и несреќниот живот на принцезата Шарлин