Најтажната принцеза не е повеќе тажна - не ја тргна насмевката од лице: Шарлин од Монако овие денови блеска, а причината е ова
Навикнати сме да ја гледаме принцезата од Монако со мрачно
лице, но во последниве денови е речиси тешко да се улови без голема насмевка.
Во последните години светските медиуми најмногу пишуваа за Шарлин од Монако како „најтажната европска принцеза“, а тоа е редовно случај по 2021 година, која и беше многу тешка.
Откако се зарази со инфекција на грлото, носот и увото на почетокот на 2021 година за време на посетата на Јужна Африка, нејзината татковина, што ја спречи да се врати во Европа и да биде со своите деца 10 месеци, таа исто така беше во болница на Стариот континент со месеци.
Исцрпена и физички и психички, на принцезата и требаше долго време да се опорави, а иако се пишуваше дека се разведува од принцот Алберт Втори од Монако, парот по закрепнувањето на Шарлин продолжи како ништо да не се случило.
Сепак, многумина коментираат дека принцезата се‘ уште изгледа депресивно и како да и е тешко да поминува време со сопругот, макар и накратко, пред новинарите.
Деновиве, сепак, таа повторно се смешка!
Шарлин, всушност, престојува во Париз, каде се одржува Модната недела, а принцезата од Монако веќе посетила неколку престижни модни ревии. Најнова беше онаа на која беше претставена новата колекција на модната куќа Луј Витон, а Шарлин на Инстаграм сподели фотографија направена во автомобилот и напиша:
– Убаво е што повторно се враќам во Париз!
Изгледаше многу шик во јакна со потпис на LV, бела кошула и црни панталони, а носеше и скап дијамантски накит.
Шарлин изгледаше одлично расположено на модната ревија, седејќи со актерката Џенифер Конели, пејачката Џенет Џексон и извршниот директор на Луј Витон Бернард Арно.
Принцезата изгледа одлично се забавува во Париз, а пред неколку дена воодушеви појавувајќи се на ревијата на Акрис, по што му се заблагодари на Алберт Кримлер, уметничкиот директор на овој бренд, со кого има блиски пријателски односи.
- Ти благодарам Алберт за прекрасната вечера и ти честитам на сто години совршенство - рипринцезата од Монако.
Принцезата Шарлин секако изгледа како конечно да се чувствува одлично, а хејтерите коментираат дека повторно се смешка бидејќи нејзиниот сопруг не е наоколу...
Фото: Инстаграм - Принцеза Шарлот
Можеби ќе ве интересира:
- „Жената без насмевка“ за прв пат по 11 години брак „уловена“ како го бакнува принцот Алберт во уста: Нејзиното лице пред и по бакнежот е приказна за себе