Најубави цитати за пролетта: Како на неа гледале големите умови

„Кога ќе дојде пролетта, дури и лажната пролет, не постојат никакви проблеми, освен каде да се биде најсреќен.“ – Ернест Хемингвеј

„Повторно пролет.  Земјата е како дете кое ги знае песните напамет.“ – Рајнер Марија Рилке

„Да немавме зими, пролетта немаше да ни прија толку многу.
Ако понекогаш немавме горчлив вкус и неуспеси, немаше толку да го чекаме просперитетот.“ -  Ени Бредстрит

„Пролетта покажува што Бог може да направи со едноличен и нечист свет.“ – Виргил Крафт

„Април го вметнува духот на младоста во се што постои...“ – Вилијам Шекспир

„Можам ли со зборови да го опишам мирисот и вкусот на пролетта?“ – Нелтје Бланчан

„Нешто во воздухот прави да се чувствувам како да летам пролетен лет.“ – Агата Кристи

„Сакам со тебе да го правам она што пролетта го прави со црешите.“ – Пабло Неруда

„Кога доаѓа пролетта, тревата расте сама од себе.“ – Тао Те Чинг

„Ништо не може да изгуби живиот човек, а пролетта да не може да му го врати, ниту пак човек може да биде трајно несреќен, се додека Бог дава душата да се лечи со заборав и земјата да се обновува со пролетта.“ – Иво Андриќ

„Нема зима која трае вечно, ниту пак пролет која го прескокнува својот ред.“ – Хал Борланд

„Малку лудило во пролет е здраво дури и за кралот.“ – Емили Дикинсон

„Пролет е срце полно со надеж и чевли полни со дожд.“ – Непознат

„Кога би можел повторно да живеам, би одел босоног од почетокот на пролетта, до крајот на есента.“ – Борхес