Најубавите цитати од Тоше Проески: Најголемата борба е со себе самиот

Ја имаше силата на исконското, ангелското, на способноста да згрее повеќе срца одеднаш. Неговата насмевка лекуваше исто како и неговата песна. А гласот... во гласот на Тоше Проески имаше моќ да нѐ сплоти сите без да бара нешто за возврат, освен љубов - а таа ја доби од нас засекогаш! И така и ќе остане!
Ние сме овде, ТИ си таму, но твојата присутност ја вдлаби во секоја пора, да трае, да нѐ потсетува за навек, да не заборавиме нешто што не се заборава. И да кажеме, споделиме, пренесеме на идните генерации што претставува твоето битие,

Еве неколку негови цитати: 

1. „Никогаш не би се откажал од пријателите, би бил секогаш до нив, и во добро и во зло. Во добро за да се радувам на успехот, а во зло за да помогнам.“

3. „Не сакам кога целта го оправдува средството, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта, како во војната, сè е дозволено.“

4. „Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене.“

5. „Секоја, ама баш секоја жена заслужува да во очите на барем еден маж, во еден момент, во една секунда, па макар тоа да биде и само еднаш во животот, да се почувствува дека е најпосакуваната жена на овој свет “

6. „Ве сакам сите!“

7. „Предупредување за младите: Бидете силни во секој поглед! Најголемата борба е борбата со самиот себе. Издржете и ставете го на испит својот карактер. Не попуштајте пред ништо.“

8. „Мене ми е незамисливо дека некој кој може да им помогне на оние кои имаат малку или немаат ништо, ги затвора очите и не им подава рака.“

9. „Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.“

10. „Без оглед на она што го велат дека скромноста е одлика на глупавите луѓе, јас не се согласувам со тоа. Скромноста е одлика на добрите луѓе.“

11. „Моето животно мото е „Како Господ никој не е – Сè е во божјите раце.“

12. „Верувам во Бога и единствено него можам да му се заблагодарам за дарот кој го имам, затоа што ова што го правам го сметам за мисија која Тој ја извршува преку мене. Јас сум само марионета.“