Најубавото зајдисонце го имавме над Беровско Езеро, а најинтересни факти научивме за Кратово и Камени Кукли: Ане и Мане за алтернативниот туризам

Добивај вести на Viber

Нашата земја изобилува со природни пејсажи, водопади со божји убавини, котлини од кои застанува здивот, планини кои кријат безброј тајни, езера кои ја дополнуваат уникатноста, обичаите и традицијата. Токму затоа алтернативниот адреналински туризам е можеби едно од најкорисните начини на шетање и одмарање, а воедно и за запознавање со природата. Алтернативниот авантуристички туризам е особено практикуван последниве две години.

Во нашата убава Македонија, навистина има места кои вредат да се посетат, места кои ќе ве остават без зборови, а особено има такви кои ќе ве освојат на прва. 

Adventure.mk е токму таков тим, кој им помага на луѓето кои сакаат да ја истражат Македонија на еден поинаков начин, со доза на адреналин, мистичност и посебен стил. А кога ќе се спојат автентичноста и модерното, односно со Мтел телекомуникацискиот оператор, алтернативниот авантуристички туризам добива друга димензија.

Заедно може да уживате во божествените пејсажи, во плажите на нашите три природни езера, покрај некоја река или во планина, а во исто време да гледате телевизија и да сте во тек со случувањата и новостите на вашите следбеници на социјалните мрежи.

За уникатноста и убавините на алтернативниот туризам и достапноста на Мтел зборуваме со Ана и Мане. Повод за разговорот со нив е токму MSat Tv Авантурата која што траеше 60 дена и беа посетени 14 локации низ Македонија откривајќи ни од чудесно убавите пејзажи, планини прекриени во зимска идила, но и можноста да се ужива во одлична телевизија.


* Што ве поттикна на ваков вид алтернативен адреналински туризам?

- Немаше некоја посебна причина, едноставно љубовта кон природата си го направи своето. Со текот на времето сфативме дека ова е тоа што не’ исполнува и ни дава енергија за понатаму. Никогаш не е совршено, има многу предности и недостатоци, но со искуството кое го добиваме, малку по малку, се надградуваме себе, учиме да бидеме пофлексибилни од претходно и со уште помалку грижи. Научивме вистински да уживаме. 

* Неодамна завршивте едно заедничко патување со Мтел низ Македонија. Како се случи соработката помеѓу Мтел и Adventure Macedonia?

- Нашата соработка се оствари многу спонтано и брзо. Мтел имаа потреба од кампања за нивната mSAT телевизија, а ние бевме спремни да ги прошетаме низ цела Македонија и да го потврдиме квалитетот кој го нудат на многу далечни и непристапни локации.

* Која од дестинациите од авантурата со Мтел ви остави најголем впечаток и колку нови и непознати откривте за себе и за сите оние кои ги следат Вашите авантури?

- Една од најубавите локации и истовремено неистражена од наша страна беше областа Мариово, особено делот кој припаѓа на битолската страна. Природата и теренот се прекрасни и видно различни од останати планински предели, за нас добро познати. Ова парче земја е уникатно и секој треба да го посети барем еднаш во животот. Нуди прекрасни глетки во далечина и претставува вистински планински рај. 

* Колку трае процесот на монтирање на видеата и кое видео е најгледано?

- Подготовката на завршно видео, кое е компилација од различни моменти за време на нашата авантура, е процес кој трае цел ден. Интересно во тој момент е дека редовното патување и истражување не’ полнат со енергија, па не е тешко да се роди нова идеја за цел тој викенд да се преточи во кратко видео. Истото важи и за текстуалниот опис и изборот на песна во позадина, кои доаѓаат сами од себе и некако совршено си одговараат на крај.

* Кои места досега се истражени - кое место или дестинација ви остави најголем впечаток и зошто?

- Посетивме многу места, речиси од целата територија на Македонија. Еве дел од нив: Крушево, Национален Парк Пелистер со многу убави села во подножјето, Осогово, Кратово и Камени Кукли, Скопска Црна Гора, Матка, Берово, Смоларски и Колешински водопади на Беласица, Мариово (прилепско и битолско), Охрид, Галичица, Национален Парк Маврово, Кожуф, Дојран… Секој викенд, секоја авантура ја паметиме по различни нешта, сите убави на свој начин. Најубавото зајдисонце го имавме над Беровско Езеро, а најинтересни факти научивме за Кратово и Камени Кукли. 

* Која рута или дестинација најмногу е барана?

- Битолско Мариово, езеро Суводол кое е на самиот почеток од патот и е одлична дестинација за кампување, попатните села низ кои минувавме и на крај, село Зовиќ како последна точка, заедно со филмскиот мост по кој е познато и самото место.

* Што е потребно од опрема за кампување, потребни ли се посебни дозволи за кампување во нашата земја?

- Опремата и потребите за спиење на отворено се индивидуални, различни за секого. Како и да е, се препорачува подготовка за четири различни сезони, ако сакаш да бидеш подготвен за различни ситуации и крајните импресии да бидат позитивни. 

* Колку луѓето се заинтересирани за ваков вид на туризам?

- Во последните две години, во нашата земја значително се зголеми интересот за подолг престој во природа, истражување, планинарење и тоа навистина не’ радува! Се’ повеќе луѓе започнаа да избираат планина наместо град, кафе во парк, пикник, кампување, шетање и откривање на нови и недопрени локации. Ова е позитивен знак за еден народ. Останува уште да научиме дека отпадот се носи во ранец до дома или до првото населено место каде има контејнер, за кој сме сигурни дека е задолжена служба која го одлага на соодветно место. 


* Колку личноста којашто сака да практикува ваков вид на адреналински туризам треба да биде психо-физички спремна?

- Македонија е планинска земја и навистина нуди различни предизвици за секој кој е заинтересиран да ги доживее. Физичката спремност е значајна, да, но психичката бариера е таа која најчесто не задржува во некоја комфор зона. Еднаш кога ќе ја напуштиме, нашите можности се бескрајни. 


* Кои се Ана и Мане приватно?

- Мане по професија машински инженер, а Ана инженер архитект, ако тоа е опис за животот надвор од природа. Меѓу другото, двајца буквално неуморни личности, луѓе кои не знаат, не можат и не сакаат да го поминат животот на едно место. Друштво сами за себе (нормално, плус Арон хаха) и ентузијасти за било какви активности во природа. Секогаш расположени, полни со енергија и желни за некакво движење кое не’ води низ животот.

* За крај, според вас каде е подобро да се кампува: на планина или на езеро?

- Лично за нас - езеро. Фактот дека покрај тебе имаш водна површина е некако смирувачки, иако не би испуштиле планина во никој случај.


ПР објава

Наталија Миланова