Најверојатно не сум требала да се родам, но ете постојам и нема право на такво нешто: Моника Конопова после претрпеното семејно насилство

Моника Конопова, девојката која на домашната јавност и стана позната по нејзиното јавно залагање за легализација на марихуаната, затворската казна поради тоа што и беше пронајдена марихуана и експлицитните фотографии, ноќеска објави фотографии на кои се гледа нејзиното раскрварено лице и повреди кои и ги нанел нејзиниот татко. 

„Пред два часа татко ми Стојан Ристески од село Свето Митрани неписмен бездушник и хроничен алкохоличар на ул Антон Чехов 41б во геге, се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата #семејнонасилство“, напиша Конопова на својот фејсбук профил. 

Моника за Женски магазин изјави дека ова не е прв пат и дека се случувало и порано, а дека татко и има проблеми со алкохолот.
„Болен е во главата и мајка ми покрај него се има пореметено психички, тие кога имав 21 година ме избркаа од дома. Го имам и претходно пријавувано во полиција, ми се има случувано нешто слично, ме има нападнато, пред некои четири години, но тогаш не го тужев не беше толку сериозно. Но овој пат се прелеа чашата, не знам што ќе правам, ќе барам стан да живеам сама под кирија, засега ќе се обидам да се сместам кај некои пријатели. Се плашам да си ги земам стварите, облеката од мојата соба, не знам што ќе се случува.“ 

Моника сега е во болница, вели дека има мал потрес на мозокот и чека да и ја снимаат главата.
„Сето тоа ќе ми биде потребно за тужба, секако ќе го тужам, бев нападната без никаква причина, никакво образложение, некој од чиста мира да те нападне, да те удира со боксови по вилица по глава, по нос и со столица по глава - тоа е недопустливо, не може да се прости, влегов во кујна само храна да земам, почна да ми зборува што бараш таму,  да не имаш нешто твое оставено, ќе си имаш кога ќе си купиш - му реков да ме остави и ми се фрли.“

Таа вели дека од мало дете трпи навреди, клетви, омаловажувања, ржење низ заби и тепање. Поминала низ се' и му простила.
„Сепак родител ти е, но веќе не простувам и дојдена сум до мера да веќе немам никакви чувства ни кон мајка ми, ни кон татко ми -  не дека им поскаувам смрт, но ќе бидам рамнодушна и мислам дека ќе ми олесни, ќе можам нормално да живеам.“

Конопова раскажува дека 10 години била на улица, под кирии, работејќи по три работи, за да може да опстане.
„Јас тоа што го правам и моите залагања во животот се моја лична работа, тие не се инволвирани, и порано кога ништо не правев секогаш сум им сметала и сум била озломразена едноставно не сум требала да се родам најверојатно, но ете постојам и немаат право да ми прават такво нешто.“

Таа вели дека ниедна причина не го оправдува тоа што и го направил родителот, вели дека уште е во шок, а синоќа доживеала голма траума.
„Вчера се кочев во зборување, не можев да зборувам, да спијам од главоболки, изместена ми е вилицата, носот ми е пукнат на неколку места.

Човекот е насилник го имаат и други пријавувано, имаше такви испади пред неколку месеци се тепаше со комшијата - нестабилен е“ - потенцира Моника.

Пред неколку часа и техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев го осуди насилството, особено семејното насилство кое е насочено врз жените. Тој ги охрабрува граѓаните да ја пријавуваат секоја форма на насилство.
„Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Имено, Министерството за внатрешни работи во конкретниот случај постапуваше по пријава од страна на М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што и биле нанесени телесни повреди.“ - соопшти Наќе Чулев.

-Семејното насилство во Македонија во пораст: Жртвите во карантин со насилниците