Највкусниот банана леб: Рецептот е од само 4 состојки

Добивај вести на Viber

Сè што ви треба се банани, кондензирано млеко, брашно и прашок за пециво.

За овој рецепт кој стана хит на Фејсбук, потребно ви е кондензирано млеко, малку брашно, 1 лажичка прашок за пециво и 4-5 банани.

Испасирајте ги бананите додека не бидат течни и измешајте ги со млеко и две и пол чаши (за чај) брашно.

Смесата ставете ја во калап за леб со хартија за печење и додадете две, три капки вода.

Печете го еден час на средна температура.

По желба врз изпечениот банана леб можете да додадете шлаг, сируп илида го додаете она што вм ви се допаѓа.

Сигурни сме дека ќе ви се допадне.


Бон апетит!