Животна училница // Приказни
Највлијателна жена во Унгарија и мајка на 5 деца: Која е сопругата на Виктор Орбан?
Виктор Орбан е унгарски политичар кој е премиер на Унгарија од 2010-та година. Деновиве е актуелен во нашата земја поради политичкиот азил кој му го додели на екс-премиерот Никола Груевски.
Настрана од политичкиот живот, Орбан е во брак со Анико Леваи, тој е татко на пет деца, а игра и со страст следи фудбал.
Орбан има четири ќерки Рахел, Сара, Роза и Флора, како и еденс син со име Гашпар.
Неговата сопруга Анико е избрана како највлијателна жена во јавниот живот во 2017-та во Унгарија според „Форбс“, додека најстарата ќерка Рахел го има четвртото место.
Анико е посветена на своето семејство, секогаш е поддршка за својот сопруг како пристојна Прва дама, а исто така поседува големо земјиште во Унгарија.