Наметката на Хју Хефнер продадена за 41.600 долари

Добивај вести на Viber

Примерок од првото издание на списанието со Мерилин Монро на насловната страница на „Плејбој“ беше дел од дводневна аукција на лични предмети на Хју Хефнер, во Лос Анџелес.

Машината за пишување на која Хефнер го подготви првиот број од „Плејбој“ во 1953 година, беше продадена за 162.500 долари, а неговиот личен примерок од првиот број  за 31.250 долари, соопшти аукциската куќа Џулиен, која го организираше наддавањето.

Неговата наметка од црвена свила, е продадена за 41.600 долари. „Вијагра прстенот” од 14-каратно злато, во кој тој секогаш си чуваше едно сино апче, чинеше 22.400 долари. На лустата на продадени предмети се и една од неговите лимузини, јакини, билијард маса, џубоксот кој многу го користел. 

Американскиот актер Џим Белуши даде 3.125 долари за копија од епизода на  телевизиската емисија „Сабота навечер во живо“ од 1977 година кога Хефнер беше водител.

Хефнер, основачот на „Плејбој“ и на сексуалната револуција во Америка, почина во септември лани, на возраст од 92 години. Приходите од аукцијата ќе одат во Фондацијата Хефнер, кој ги штити граѓанските права.