Ѝ напиша писмо на мајка си: Оваа порака ќе ви го скрши срцето, но им помогна на многумина
Ќерката на жена која боледува од деменција се присетила како на добар начин да ја смири мајка си пред таа да почне паничи, оставајќи ѝ неколку смирувачки реченици
Кога постарата жена која боледува од деменција има панични напади секогаш ѝ се јавува на ќерка си на телефон, па затоа ќерката одлучи да ѝ остави на мајка си неколку пораки на видно место, кои ќе ѝ помогнат да се смири и да знае дека сѐ ќе биде во ред.
Сите оние чии блиски страдаат од деменција знаат дека тоа е психолошки катастрофална состојба и за поединецот, но исто така и за оние околу него. Болеста поради која пациентите губат меморија, ги загрижува нивните најблиски, поради секојдневните ситуации со кои се соочуваат, а е невозможно да бидат независни.
Ова се смирувачките пораки од ќерката до мајката.
- Твоите оброци се платени однапред.
- Сѐ е во ред, добро си.
- Сите се во ред.
- Не се селиш никаде.
- Никој друг нема да се сели никаде.
- Само пиј вода, тоа ќе ти помогне за твојата меморија.
- Никому не должиш пари.
- Никого не го вознемируваш.
Оваа објава масовно се шири на социјалните мрежи, а исто така има и други кои се јавуваат со совети за полесно преживување на оваа ужасна болест.