Напиток кој ги топи мастите и го намалува стресот: Ана Ивановиќ го пие наутро наместо кафе
Многу нутриционисти и лекари сметаат дека најважно е со што го започнувате денот, а Ана Ивановиќ откри што пие наутро.
Ана Ивановиќ (35) неодамна објави дека е бремена по трет пат, а со години е позната како една од познатите Србинки со најздрав начин на живот. Интересно е што здравите навики не ги отфрлила ниту кога се збогувала со тенисот.
Од мали нозе се грижела за исхраната и водела дисциплиниран живот за да постигне спортски успеси. И сега кога веќе не се занимава професионално со тенис, внимава и што и кога јаде, а високо на приоритетната листа ѝ е и физичката активност.
Ана во една прилика реши својата мала тајна да ја сподели со јавноста, па веднаш штом се разбуди откри што прави. Како што рече, ниту едно утро не започнува без шолја чај од мача, зелен чај во прав, кој како и обичниот зелен чај има бројни благотворни ефекти врз организмот.
Бидејќи не е голем љубител на топол чај, тенисерката најчесто го конзумира ладен. Свесна е колку е здрав и што му носи на целото нејзино тело, па им го препорачува на сите.
„Ги обожавам големите својства на чајот од мача. Го намалува стресот и ја подобрува концентрацијата, меморијата и расположението“, истакна таа еднаш.
Мача чајот е познат по својот исклучителен вкус и лековити својства. Содржи катехин, каротин и витамини А, Б, Ц и Е.
Освен што содржи голема количина на антиоксиданси, чајот од мача го стимулира варењето и метаболизмот, а со тоа го забрзува согорувањето на калориите. Мача чајот затоа е идеален избор за детоксикација и слабеење.
Foto: Instagram /Profimedia