Наша репортажа: Неколку работи за авантуристите и оние кои очекуваат повеќе од Санторини (II дел)

Искачувањето до активниот вулкан и пливањето во термалните вулкански води, посетата на природните формации, се само дел од активностите кои не се пропуштаат при посетата на овој остров.

Tуризмот во Санторини не се заснова само во моделот -море и сонце. Специјалните геолошки формации, фантастичниот поглед кон калдерата, археолошкото богатство, селата со посебна архитектура, уникатната гастрономија и светски познатото вино, се само неколку фактори кои можат да продолжат да привлекуваат посетители на островот во текот на целата година.

1.Природна формација-Срцето на Санторини

Едно од поинтересните места за посета на Санторини, а кои не се често вклучени во туристичките понуди, е тн. Срце на Санторини.

Оваа природна формација на вулканските карпи се наоѓа во месноста Мегалохлори.

До самото место има околу 10-15 минути пешачење.

Слегувајќи надолу по скалите, пред вас се пружа фантастичен поглед кон морето, островите наоколу и малата црква.

Срцето на Санторини, природниот феномен е формација на вулканските карпи што личи на срце, давајќи прекрасен поглед кон вулканот, морето и сите убавини на островот.

По скалите надолу се наоѓа црквата Агиос Николаус-односно Свети Никола, вградена во внатрешната страна на калдерата.

2.Активниот вулкан Неа Камени

Санторини е типичен грчки стров од вулканско потекло и е најголем на малиот архипелаг со површина од 73 км2.

Најсликовит, најпопуларен и туристички најпосетен остров, кој припаѓа на групата на кикладите, во облик на полумесечина, што е последица на активностите на вулканот во минатото.

Некогашното дно на вулканот сега е залив  во рамките на островот.

Ерупијата на вулканот , довела до појава на цунами, за кое се верува дека ја избришало минонската цивилизација.

Вулканите не се наоѓаат на самиот Санторини, туку се на два помали острови до него., односно Неа Камени и Палеа Камени.

До нив се стигнува со брод од Фира и потоа се пешачи до самиот вулкан.

Иако можеби делува малку напорно, погледот од врвот е фантастичен, плус можете да правите мали паузи.

Во секој случај земете доволно вода со вас и да напоменеме- влезот до вулканот се наплаќа со симболична цена од 2,5 евра.

Санторини се наоѓа на местото каде се зближуваат две големи копнени плочи на континентална Африка и плочата на Егејскиот Архипелаг, па оттука и честите земјотреси во овој регион.

Денес во цела Грција има само два активни вулкани: Неа Камени и другиот на островот Нисирос.

Вулканската активност околу Санторини и не е нешто од пред неколку векови, имено вулканот на Неа Камени е сеуште активен.

Во изминатите 2000 години еруптирал најмалку 9 пат, 3 пати само во 20 -ти век, а последната голема ерупција била во 1950 -тата година.

Турите со брод редовно го посетуваат овој остров, а посетителите до врвот пешачат околу 30 минути, низ пуст пејсажен крајолик со необични формации.

Патот до врвот води по целиот кратер како и во близина на помалиот вулкан, некаде после почетокот на пешачењето.

Она што ќе го видите на врвот е фантастично, посебно ако до тогаш не сте имале прилика да посетите активен вулкан. Имено испарувањето на сулфурот се случува постојано.

Исто така голем број на водичи ископуваат мала дупка во земјата така што можете да ја ставите раката и да ја осетите топлината на земјината кора.

После посетата на кратерите, туристите  уживаат во кратка пауза на врвот на Неа Камени и погледот кон другите околни острови и секако  времето го користат за да направат прекрасни фотки.

3. Пливање во Термалните вулкански извори

После посетата на вулканот на Неа Камени, со бродот турата продолжува до термалните извори со топла вода, кои се дел од морето, а во близина на вулканските карпи. Секако дел од туристите на бродот ја искористија оваа прилика да запливаат во термалните извори и вода богата со сулфур.

За оние што го посетуваат Санторини, овие места се идеални локации за фотографирање, создавање убави спомени и апсолутно вредат да се посетат.

Пс.Во следната репортажа ве водам на неколку познати плажи меѓу кои-Црвената и црната плажа од вулканско потекло, музејот и археолошкото наоѓалиште Акротири и на многу други места.

Вашиот дежурен травел-холичар:

Неда Маретиќ


Прочитајте го првиот дел ТУКА