Нашата најдобра манекенка фуриозно до врвот: Во венчаница на езерото Комо

Познатата американска дизајнерка Моник Лулие низ годините се потруди да облече голем број дами за свечени настани и престижни фестивали  како Гвинет Потроу, Џенифер Лопез, Мишел Обама, Тејлор Свифт, Меланиа Трамп... 

Нашата интернационална манекенка Елена Реи ја имаше честа да биде дел од каталогот за венчаници на дизајнерката. Каталогот и видеото се направени на езерото Комо во Италија, местото каде се одвиваше сликањето за едиторијалот за „Харперс Базар“.

Елена изгледа моќно и несомнено ова е уште едно скалило повисоко кон успехот на манекенката. Таа инаку има работено за многу познати светски дизајнери меѓу кои и Келвин Клајн, а има учествувано и на париската недела на висока мода.

Фото: Инстаграм