Наскоро ќе го добие првото дете: Една од најубавите Србинки кажа „ДА“ и го покажа идниот сопруг (ФОТО)

Познатата манекенка Дејана Живковиќ моментално е во шестиот месец од бременоста, а иако е познат идентитетот на нејзиниот партнер, таа не споделуваше негови фотографии со своите следбеници на Инстаграм – сѐ до романтичното запросување.

Манекенката Дејана Живковиќ (29) сега сподели со своите фанови и јавноста дека се верила.

Таа на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од свршеничкиот прстен, и како ужива во прегратките и бакнежите на својот сакан, со што направи исклучок од своето правило да не објавува негови фотографии и нивните приватни моменти.

View this post on Instagram

A post shared by DEYANA (@dejanazivkovic)


- Да! Запознав личност која е мојот дом, сигурност, која ме охрабрува - едно големо ДА за сѐ што следи! На истото место на истиот датум, една година подоцна, на нашата годишнина - напиша Дејана.

Манекенката моментално е во шестиот месец од бременоста, а медиумите претходно пишуваа дека нејзиниот партнер е Филип Симовиќ (29), белградски бизнисмен кој води семејна компанија која се занимава со транспорт, додека тој е сопственик на теретана и студирал во странство. Како што неодамна изјавија за медиумите извори блиски до парот, оваа позната убавица и една од најубавите Србинки, ќе донесе на свет машко дете.

Дејана и Филип најверојатно ќе се венчаат следната година, откако ќе се роди нивното бебе.

View this post on Instagram

A post shared by DEYANA (@dejanazivkovic)


извор:GLOSSY