Наставничка предаторка: Спиела со момче (13), му испраќала фотографии и видеа - ѝ се заканува 25 години затвор

Поранешната наставничка во средното училиште Томбал во Хјустон, Тексас, Марка Ли Бодин (31) е обвинета за сексуално злоставување на малолетник, пренесува 7news.

Според полицијата, наставничката скоро три години сексуално злоставувала, сега 16-годишно момче.

Момчето решило да пријави сè во полиција.

- Момчето дојде кај нас и очајно побара помош. Тој се обрати на училиштето, а потоа и кај нас. Реагиравме и веднаш ја уапсивме насилничката - рече началникот на полицијата Џеф Берт.


Бодин, која предавала англиски јазик, веднаш поднела оставка во училиштето.

Вработените во училиштето, како и родителите на другите деца, останале згрозени од ситуацијата.

- Ова е застрашувачко. Не можам да верувам дека се случи такво нешто во нашето училиште. Сочувствувам со родителите и ученикот и жал ми е што мораат да го поминат сето ова - рече директорот на училиштето во Хјустон.

Бодин беше приведена, но набргу беше ослободена од затвор со кауција од 100.000 американски долари. Таа се соочува со казна затвор до 25 години.

Откако момчето пријавило сè во полиција, Бодин го негирала целиот случај и изјавила дека момчето имало самоубиствени мисли и дека често ја малтретирал. Момчето им покажало на полицијата експлицитни фотографии и видеа како доказ, како и пораки кои наставничката му ги испратила.


Извор и Фото: 7news.com.au