Наталија Јокиќ го роди второто дете: Стана мајка на момче, а еве како го освоила славниот кошаркар пред 11 години
Наталија Јокиќ, сопругата на Никола Јокиќ, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, повторно стана мајка. Во Америка родила син, помлад брат на нивната ќерка Огнена. И додека НБА паркетот постојано свират од подвизите на Никола, приказната за Наталија, жената зад овој светски ас, е подеднакво инспиративна.
- Се запознавме преку заеднички пријатели. Со моето друштво излегувавме во кафуле што беше отворено до полноќ, а кога се затвори, седевме на клупа надвор. Една вечер бевме само ние двајца, а потоа дојде и Наталија. Ми се допадна веднаш штом ја видов, но не и кажав веднаш , бевме пријатели во наредните шест месеци, можеби и подолго. Сето ова време ги криев моите емоции. Првиот пат кога и кажав дека ми се допаѓа, не добив никаков одговор. Таа мудро молчеше - изјави пред извесно време кошаркарот на Денвер, а потоа додаде:
- Одев во средно економско училиште, а Наталија требаше да оди во Америка, таа веќе се запиша на психологија на „Семинол стејт колеџ“. И буквално два месеци откако почнавме да излегуваме, таа си замина.
Тогаш дури се зборуваше дека Никола ја загубил волјата да игра кошарка, но не помина многу време кога замина во Америка. Сепак, тие останаа заедно, а во 2020 година седумгодишната врска ја крунисаа со брак. Свадбениот чин се случил во родното место на Јокиќ, Сомбор, а пристапот до храмот на СПЦ бил, како што пишуваат медиумите, под безбедносен надзор и на црковната свадбена церемонија можеле да присуствуваат само избрани гости.
Имала само 7 месеци кога избегала
Наталија е родена како Маќешиќ, а нејзиното детство ја носи тежината на бегалскиот живот. Кога имала само седум месеци, заедно со родителите и сестрата Маја, за време на акцијата „Бура“ побегнала од Краина. Нејзината мајка Даница тогаш за медиумите раскажа како по втор пат морале да го напуштат домот.
Сестринската врска со Маја остана нераскинлива.
„Наталија е мојата друга половина, многу сме блиску иако растојанието постојано не разделува“, истакнува Маја Маќешиќ и додава дека Наталија уште од мала покажала исклучителна сила и храброст.
Нивната венчавка беше најдобрата забава досега
Наталија ја докажа својата посветеност на образованието кога магистрираше психологија на Универзитетот Метрополитен Стејт во Денвер во 2018 година. И покрај тоа што е сопруга на познат спортист, Наталија го негува сопствениот професионален пат, а нејзината годишна плата, според извори, е околу 100.000 долари.
На Инстаграм, каде ја следат околу 77 илјади луѓе, Наталија споделува спомени од семејниот живот и ги слави успесите на Никола. Од прославата на нивната венчавка, која ја опиша како „најдобрата забава на сите времиња“, до семејните моменти со нејзината ќерка Огнена, Наталија автентично го прикажува животот со еден од најголемите кошаркари на денешницата.
„Жена змеј“ покрај шампионот
За Никола Јокиќ, Наталија не е само сопруга туку и најголема поддршка. Неговата посветеност на семејството се виде и при раѓањето на нивното второ дете, кога поради сопругата паузираше од играњето во НБА. Од друга страна, Наталија не ја пропушта можноста да го придружува сопругот, докажувајќи дека нивната врска почива на взаемна поддршка.
„Наталија е жена змеј“, истакнува нејзината сестра Маја. Иако нивната разлика во висината - Никола е висок 211 см, додека Наталија е висока 173 см - често станува предмет на шеги, нивната љубов достигнува несогледливи височини.