Наташа Беквалац како титова пионирка: Ги воодушеви следбениците со несекојдневното издание

Беквалац објасни дека нејзината мајка ги сочувала препознатлвиите капа и марама...

Пејачката Наташа Беквалац ги израдува своите следбеници со ново видео на кое позира облечена како титова пионерка. Имено, Беквалац реши да ги израдува своите следбеници и да им покаже што чува уште од младите денови.

Оваа прилика ја искористи и да и се заблагодари на својата мајка што ги зачувала препознатливите капа и црвена марама и истакна дека била дел од последната генерација пионери.

„Јас сум последната генерација пионери и мајка ми ги имаше сочувано капата и марамата“ - напиша пејачката во описот на фотографијата која ја сподели.

Како што е познато, Наташа редовно споделува фотографии во природно издание, а сега себе се прикажа во потполно поинакво и несекојдневно светло, поради што ги воодушеви следбениците.