НАТАША ЈА ОБОЖАВАВ, НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРАШЕ МИНАТОТО: Сопругот на Беквалац по скандалот со емотивна исповед за бракот

Добивај вести на Viber

Лука Лазукиќ, сопругот на Наташа Беквалац, која го обвинила за претепување, во програмот на Хепи телевизија, ја изнел својата страна на приказната.

Тој тврди дека Наташа не ја тепал, иако таа го нападнала два пати, како и само дека ја „оттурнал од себе“.

-Легнав да спијам. Наташа грубо, хистерично ме разбуди од сон, со желба да настане караница“ - раскажал тој.

Пораките кои таа ги нашла, ако ги нашла, немаат никаква конотација која укажува на измама. Таа ја има лозинката на мојот телефон. Некој кој ја дава лозинката нема што да крие-се правдал Лука.

-Наташа ме нападна, јас ја оттргнав од себе, продолжи, ја оттргнав од мене по втор пат-раскажал тој, а на прашањето како изгледа „оттргнувањето од себе“ рекол дека ја „турнал на кревет“.

После караницата тој признал дека продолжил да спие.

-Очигледно дека Наташа чекала да одам од дома за да ја организира оваа медиумска хајка. Наташа е мајка на моето дете, и не можам да верувам дека воопшто е можно на еден ваков начин да направи спектакл!

-Јас Наташа ја сакав, ја обожавав-рекол тој, а на прашањето кога престанал да ја сака вели дека кога се случило тоа и кога сфатил дека е способна да за вакво нешто.

-Јас во бракот влегов од љубов, не ме интересира нејзиното минато, себе цел и се предадов, и повторно истото би го направил-признал Лазукиќ.


foto: Printscreen Instagram