Наташа Којиќ исмеана и разочарана: Кеба веднаш се огласи, еве на кого се заканува

Добивај вести на Viber

Наташа Којиќ разочарана од неуспехот

Наташа Којиќ не успеа да се пласира во финалето на „PZE 2025“, иако имаше големи надежи за нејзината песна „Moć tišine (Моќта на тишината) “. Сепак, она што најмногу го привлече вниманието на јавноста не беше нејзиниот настап, туку сцената од зелената соба, каде што седеше сосема сама, зјапајќи во телефонот, без никаква поддршка од соработниците. Наташа Којиќ е очигледно разочарана.

Многумина нејзината осаменост ја протолкуваа како симболичен чин, додека други шпекулираа дека нешто чудно се случува. Раперката Мими Мерцедез, која важи за фаворит на натпреварувањето, ја коментираше ситуацијата велејќи:

„Каква кралица, не дај Боже, јас не можам, ова е буквално најјакиот концепт досега“.

Ова не е првпат Наташа Којиќ да биде мета на коментари. Една корисничка на YouTube покрај фотографијата што ја придружува нејзината песна за „PZE 2025“, напиша: „Убава транс“.

Наташа на тоа спонтано одговори со „Ти благодарам, се обидувам“ и додаде емоџи со срце. Сепак, овој одговор предизвика лавина реакции, бидејќи некои тврдеа дека таа не го ни знае значењето на зборот.

Ова веднаш ја поттикна старата приказна дека Наташа Којиќ наводно се декларирала како лезбејка (иако никој не верува дека е), за да добие документи во Америка. Според некои извори, Наташа го искористила своето право на азил, кое меѓународното право им го дозволува на луѓето кои се чувствуваат загрозени во својата земја без да мора да докажат дека тоа што го изјавуваат е вистина.

За потсетување, Наташа Којиќ беше стипендист на престижниот Беркли, каде студираше музика. Денес таа компонира филмска музика во Америка, вклучително и за хорор филмот Coven. По долги години Наташа се вратила во родниот град и сега живее во семејниот дом со татко ѝ и мајка ѝ.

Нејзиниот татко Драган Којиќ Кеба со години избегнуваше да ги коментира гласините за неговата ќерка, но по нејзиниот неуспех на „ПЗЕ 2025“ кратко коментираше:

– Сè сте виделе и слушнале. Секој треба да си одговара, а наскоро и РТС. Не бев разочаран, таа беше одлична – изјави Кеба.

Инаку, во врска со учеството на Наташа на натпреварот „ПЗЕ 20253, со хумористична објава на Инстаграм се огласи и Љиљана Јевремовиќ, која вонбрачно го роди детето на Кеба и со години го тужи за алиментација. Правдата ја добила само во судот во Стразбур, но Кеба никогаш не сакал да воспостави врска со својата ќерка Ина.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot