Научив дека сум престара: Престара сум за да се дружам со луѓе коишто не ми одговараат, престара сум за да молчам

Повеќе од половината од својот живот ја поминав осврнувајќи се на мислењето добиено од погрешни луѓе. Сега, откако наполнив четириесет години, ги сфатив вистинските животни вредности. Сфатив дека сум престара за овие осум работи кои ме спречуваа да го живеам животот на свој начин: 

Престара сум за да молчам 

Не сакам повеќе да молчам кога некој ќе ми рече нешто што не ми одговара. Не сакам да климнувам со глава или да се сложам со секој глупав и нарцисоиден човек. Не сакам да молчам на неправда. Кога ќе видам дека нешто не е во ред, сакам на глас да викам, бидејќи животот стана прекраток за да се премолчува неправдата. 

Престара сум за да се грижам како им изгледам на другите луѓе 

Веќе со години им завидувам на мажите, бидејќи тие не мораат на секои дваесет дена да ја бојадисуваат седата коса. Мажите не мораат наутро да ставаат килограм пудра на лице, да се грижат што им се гледаат брчките од грижата и смеењето. Сега сум доволно стара да знам дека сум најубава таква, каква што ме создал Господ. Имам брчки, не им се знае бројот, секое второ влакно ми е бело, но дури сега сум задоволна од изгледот. Прашањето „што ќе речат другите?“, не ме засега веќе извесно време и фала му на Бога за тоа, бидејќи тие луѓе станаа толку небитни во мојот живот, што за нивните злобни коментари развив селективен слух. 

Престара сум за да имам ситни мали гревови 

Сега сум доволно стара да имам само гревови. Чаша вино секоја вечер стана мојата молитва. Сладоледот во недела го преименував во грев: сладолед секој ден. Сега уживам во моите гревови кои повеќе не можам да речам дека се мали, бидејќи ми пораснаа апетитите. 

Престара сум за неудобни обувки

Сега гледам дека ништо не ме ограничува во животот. Моето движење низ годините го ограничуваа високите потпетици. Не можев да чекорам со саканото темпо. Секогаш нешто ме стегаше, болеше... Сега носам само рамни обувки и тоа е тоа! Среќна сум и кога ќе облечам две исти чорапи. 

Престара сум за да се извинувам за свињарникот во домот

Домот ми е вистински свињарник зашто имам нешто попаметно да правам, отколку да чистам. Ете, куќата не ми е секогаш чиста „како аптека“! 

Престара сум за натрупување на предмети во домот 

Повеќе не собирам и не чувам ништо. Да не почнев на време да фрлам некои стари хартии, кутии, гардероба, досега во домот ќе немаше место за мене. Спомените ги чувам исклучиво во главата.

Престара сум за да се дружам со луѓе коишто не ми одговараат 

Зошто да трпам некои егоистични луѓе кои ми ги вадат нервите? Далеку им е домот од мојот. Имам доволно години за да знам кој ми годи, а кој не. Оние, коишто не ми годат, никогаш повеќе не сакам да ги видам со очи. 

Престара сум за да го барам доброто во секој човек

Зошто да се губи време? Не се сите луѓе добри. Тоа е едноставно. Ако некој направил нешто лошо, тоа го направил со лоша намера, нема шанси да го оправдувам. Делата откриваат повеќе од зборовите. Сега сум доволно стара да речам: „Мил мој, ти не си добра личност!“ и да продолжам понатаму...