Научниците го претворија коронавирусот во интересна мелодија: Откриваат нешто што може да помогне да се најде лек

Во морето на вести за коронавирусот, една многу интересна е од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ). Тоа е местото каде што професорот и музичар Маркус Буелер реши да покаже дека коронавирусот не е толку страшен како што изгледа на фотографии и преку визуелизација.

Професорот Буелер го стави на зголемувач протеинот SARS-CoV-2 што го прави овој вид на коронавирус толку заразен. Тој и неговите колеги се обидоа со помош на вештачка интелигенција да ги откријат вибрационите способности на протеините преку молекуларен звучен спектар. Резултатот е интересна песна што Буелер ја објави на Интернет, но и откритие што може да биде клучено во запирањето на вирусот.

Како што објасни во интервјуто за MIT News, протеините се основни компоненти на нашите клетки, органи и тело. „Преведувајќи ги“ овие протеини во звук, им овозможува полесно на научниците да ги проучуваат и толкуваат овие протеини.

- Нашите мозоци се создадени за да процесираат звук. Нашите уши бележат височина, длабочина, мелодија, ритам и акорди во секое време. Ќе ни треба многу силен микроскоп за да ги видиме сите овие нијанси на сликата што инаку не можеме да ги видиме сите одеднаш. Затоа, звукот е елегантен начин за пристап до информации содржани во протеин- објасни професорот.

Тој додаде дека употребата на вештачка интелигенција овозможи употреба на молекуларни вибрации и нервни мрежи, кои потоа создадоа нова музичка форма.


Видеото со музиката форма на коронавирусот погледнете го на Машки магазин.