Научниците откриваат: Како мачките го продолжуваат нашиот живот?

Верувањето дека мачките се себични, егоцентрични и бараат само галење и внимание - не е точно. Истражувањата покажаа дека постои посебна „лековита“ врска помеѓу нив и сопственикот. Имено, луѓето чии домашни миленици се мачки имаат помала веројатност да доживеат мозочен удар, бидејќи играњето и размената на нежност со нив го смирува телото.

Докажано е дека децата кои растат со мачки од детството се помалку подложни на астма. Покрај тоа, овие слатки животни можат да лежат со болниот сопственик со денови, чекајќи да се опорави. Меките, ритмички вибрации што ги емитираат додека предат ја намалуваат болката и го забрзуваат заздравувањето.

Тие се исто така многу забавни, па затоа често ги насмеваат сопствениците, го подобруваат расположението и го ублажуваат стресот. 

Еве неколку непобитни докази дека мачките не само што изгледаат убаво на фотографии, туку и придонесуваат за нашето здравје.


Мачките лекуваат

Предењето на мачката влијае на заздравување на раните. Иако научниците сè уште не откриле точно како се создава тој звук, сите знаеме: мачките предат. Ова, на некој начин, има корисен ефект врз човечката способност да се регенерира.

Мачките предат во низа специјални терапевтски вибрации

Мачката преде со фреквенција од 25 до 150 херци. Ова е точно фреквенцијата на која мускулите и коските на мачката најдобро се обновуваат. Но, овие бранови се совршени и за луѓето. Тие се во "терапевтски" опсег, од медицинска гледна точка, во опсег од 25-150 херци. Неколку студии се посветени на овој факт. Затоа, предењето на мачките може да залечи фрактури на коските, да ги обнови оштетените мускули, па дури и да го олесни отежнато дишење при движење (пешачење).

Мачките го намалуваат стресот

Истражувањата покажуваат дека сопствениците на мачки во просек имаат помалку симптоми на стрес. На второ место се сопствениците на кучиња. Луѓето без домашни миленици се најмногу подложни на стрес. Мачките можат да ги намалат срцевите напади за 40%.

Научниците од Универзитетот во Минесота утврдија дека присуството на мачка во домот е добро за вашето срце. Во нивната студија, тие откриле дека луѓето кои немаат мачка имаат 40% поголема веројатност да страдаат од срцев удар. Зошто? Еве еден цитат: „Најлогичното објаснување може да биде дека мачките се во состојба значително да го намалат стресот, нервозата и вознемиреноста и со тоа да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести“.


Можеби ќе ве интересира:

Седум работи што не треба да ги чувате дома ако имате мачка