Навикнати сте на лажни жени со филтри и фотошоп, па затоа е грдо за вас сè што е нормално: Познатата актерка покажа седи влакна и лице без шминка

Сара Џесика Паркер беше фотографирана во неделата во луксузен ресторан во центарот на Њујорк на ручек со пријателите, а актерката уживаше во дружбата во лежерна облека и без трошка шминка.

Сара, која работеше со полна пареа во последните неколку недели на снимањето на серијата „And Just like that…“, своевидно продолжение на „Сексот и градот“, реши да се опушти, и изненади појавувајќи се без шминка и со врзана коса во плетенка.

56-годишната жена исто така покажа дека го следи сè поприсутниот тренд на ослободување на сивата коса, па видовме дека нејзиниот балајаж со сини тонови е прошарен со сива коса.

View this post on Instagram

A post shared by Dedicated with love to... (@carrie_bradshaw_fan)



И, иако многумина се воодушевени од промената на Сара и тврдат дека е прекрасно што таа промовира природност и релаксација и го прифаќа стареењето како нормален процес на живот, можеше да се слушнат многу критики за нејзиниот нов имиџ.

„Изгледа како да има 76 години“, „Има 56 години, но изгледа постаро“, „Дефинитивно не старее добро, но ѝ се восхитуваамшто не оди на операција“, „Јас сум 3 години помлада од неа, но изгледам каконејзината ќерка“, „ Проклето, зошто изгледа толку стара“, „ Таа е неверојатно стара “, „ Таа е вистинска баба“, „Зошто си дозволи да дојде до оваа состојба“, се само некои од суровите коментари на нејзина сметка на социјалните мрежи. 

Од друга страна - има многу кои скокнаа во одбрана на оваа славна дама, нагласувајќи дека е прекрасно што се помирила со зрелата фаза од нејзиниот живот и дека изгледа прекрасно, нормално и среќно и дека е за пофалба што останала верна на самата себе, пркосејќи им се на невозможните холивудски стандарди за убавина.

„Беше време за вакво нешто, конечно се откажуваме од застарените канони за убавина", „Таа е вистинска и убава. Стареењето е благослов на многу луѓе. Таа изгледа среќно, дише и е побогата од повеќето нас. Таа победи", „Жално е што жените го критикуваат нејзиниот изглед, а тоа е фазата од животот низ која ќе поминеме сите",„Таа е толку убава, природна и нормална", „Навикнати сте на лажни жени полни со филтри и Фотошоп, па сè што е нормално за вас е грдо“, напишаа други корисници на Интернет.

View this post on Instagram

A post shared by D.Repubblica.it (@drepubblicait)


Ни се допаѓа самосвеста на Сара! Ни требаат повеќе вакви жени - храбри, едноставни, опуштени, подготвени да и покажат заби на суровата индустрија за убавина која немилосрдно гази сè пред себе и и става на модерната жена императив да изгледа свежо, младо и совршено во секоја фаза од нејзиниот живот.

Сите знаеме дека битката со стареењето е невозможна да се победи. Затоа понекогаш е најдобро да ги прифатите, прегрнувате, да ги сакате своите години, да ги носите гордо, да уживате во секој момент. Затоа сме горди на жени како Сара - оние кои не се плашат да му покажат на светот дека се стари, дека не се недопирливи, дека не се „посебен вид“ ...

И сè повеќе дами од јавниот свет одат по овие стапки - шпанската кралица Летиција и принцезата Каролин од Монако исто така пуштија седи влакна!


Фото: Profimedia/Инстаграм/

Mожеби ќе ве интересира:

Оваа жена старее достоинствено: Принцезата од Монако го покажа најголемиот тренд за коса за зрели дами - елегантно и бесплатно