Навремената информација за коронавирусот преку толковен јазик е големо олеснување за лицата со оштетен слух и говор

Добивај вести на Viber

Лицата со оштетен слух и говор во Струмица максимално се придружуваат до препораките на надлежните, за заштита од КОВИД-19, вели за Женски магазин секретарот на Здружението на глуви и наглуви лица во Струмица, Виолета Голубова. Исто така, таа вели дека при секој прес на министерот за здравство лицата кои ги пренесуваат информациите од пресот преку знаковен јазик е големо олеснување за лицата со оштетен слух и говор.


* Дали лицата со оштетен слух и говор во Струмица ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот?

- Лицата со оштетен слух и говор кои се членови на Здружението на глуви и наглуви  во Струмица, максимално се посветени на заштита на своето здравје, па во таа смисла и за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.  Морам да кажам дека на почетокот како и сите ние кои немаме проблем и мислевме дека бргу ке помине, возрасните членови пензионери доаѓаа во клубот, тука тие се дружат, но јас им објаснив дека вирусот е опасен по здравјето на сите и треба да седат дома и да излегуваат од дома само по потреба, почнаа максимално да ги почитуваат мерките , а сега и полицискиот час.

* Со кои потешкотии се се соочуваат сега?

- Извесни потешкотии имаат во делот на комуникацијата бидејки некои ги користат поновите средства на комуникација Фејсбук, Скајп, Вибер, но повозрасните членови не го користат тој тип на комуникација и им преостанува да го користат времето кое им е дозволено за средба со своите пријатели. Секако ако има потреба некој од нивните семејства ќе ја побара мојата помош за се‘ што им треба, на тој начин се обидуваме секоја потешкотија да ја олесниме.

* Колку им олеснува, што при секој прес на министерот за здравство или на прес на Влада има лице кое им ги пренесува информациите преку знаковен јазик ?

- Во конекст на прашањето би сакала да изразам голема благодарност на сите оние кои се дел  од организирањето на прес конферециите и се сетија дека во државата има 6000 глуви и наглуви лица на кои им е потребна и навремена информација за онаа што се случува и за се‘ што се случува и го засега секој од нас преку информирање на толкувачи по знаковен јазик кои на глувите лица точно, јасно и разбирливо им објаснуваат за се што се случува во врска со коронавирусот. Имено пресовите на министерот за здравство Венко Филипче и преставници од владата било премиерот Оливер Спасовски или претставници од другите ресори битно ја зголемуваат информираноста на глувите лица и нивното чувство дека и тие се еднакви со другите и дека некој се грижи за нив  и информацијата сами ја проследуваат без да бараат помош од член од потесното и поширокото семејство што многу им го олеснува секојдневието во овие тешки моменти.

* Колку лица со оштетен слух има во Струмица?

- Согласно податоците кои ние ги имаме во Здружението има 230 лица (околу сто лица во континуитет ги користат бенефициите кои ние како здружение им ги даваме) инаку членувањето во здржението е на доброволна основа и нивно право е дали ќе членуваат или не.

* Колку од нив се вработени? И истите одат на работа?

- Поголем дел од нив се вработени и одат на работа. Сопствениците каде тие се вработени ги почитуваат мерките кои по налог на Владата треба да бидат спроведени и во таа смисла се се’ одвива во најдобар ред ,секако ако има проблеми во тој дел глувите лица и наглуви знаат дека можат да сметаат на моја помош.

Виолета како толкувач на знаковен јазик на новогодишна детска претстава


* Како учениците со оштетен слух и говор се справуваат со новиот метод на учење, односно онлајн учењето?

- Во моментот има само еден ученик во средното училиште „Партенија Зографски“ имајќи во предвид дака модерната технологија не им е непозната на глувите млади ученици и тие многу бргу се адаптираа на тој тип на настава, на почетокот имаше мали потешкотии но сега е во надобар ред, бидејќи во училштето има мал број на ученици и професорите максимално им се посветени.

* Дали се консултираат со вас како секретар на Здружението на лица со оштетен слух и говор? Кои прашања најмногу ги поставуваат во моментот?

- Во моментот не доѓаат во клубот, бидејќи на работа доаѓам  редуцирано три дена во неделата по препорака на Националниот сојуз на глуви и наглуви на РСМ,  а се почитува и забраната за групно собирање посетите се редуцирани на членовите, доаѓаат само по потреби кои не можат да се одложат .


Н. Миланова