Не е само за облека: 5 работи за кои може да го искористите омекнувачот во домот
Миризливата течност која ја освежува нашата облека, домаќинките ја користат и за други потреби во домовите...
1. Овежувач на воздухот
Наполнете го пластичното шише со прскалка со вода и миризлив омекнувач во размер 1:3. Со ова испрскајте ги завесите, теписите, гарнитурата и останатите мести каде што имате ткаенини кои ќе го впијат мирисот и ќе ја освежат просторијата.
2. Прашина на електричните уреди
Вечното прашање на сите домаќинки, како да го спречам таложењето на прашината на телевизорот, конечно доби одговор! Ставете неколку капки омекнувач на чиста крпа и со неа пребришете го екранот на компјутерот, телевизорот и сите уреди кои се вистински магнет за прашина.
3. Отстранување на тапети
Решивте да ги отстраните старите тапети, но тоа не ви оди од рака? Измешајте едно капаче омекнувач со 4 децилитри вода, потоа ставете сунгер со оваа смета и оставете добро да се натопи и потоа премачкајте ги тапетите.
4. Омекнување на четки
Без разлика дали сте бојадисувале столарија па ви се скамениле четките или четкичките за шминка ви се скаменети, време е да ги обновите и омекнете, а за тоа ќе ви помогне омекнувачот. Добро измијте ја четката, а потоа потопете ја во вода, во која претходно ќе ставиле неколку капки омекнувач. Оставете ја четката да отстои 15 минути, а потоа исперете ја.
5. Полирање со омекнувач
Полирањето на мазните површини во домот, како огледала, прозорци, па се до стаклените полици никогаш не било полесно, како со неколку капки омекнувач. Во шише со прскалка ставете омекнувач и вода во однос 1:4. Испрскајте ја меката крпа и избришете ги прозорците, туш - кабината, огледалата, а потоа пребришете ги со сува крпа.
Може да ве интересира:
(ВИДЕО) 20 трикови за чистење: Ќе ви заштедат многу време и нерви