Не фрлајте ја кората од лимонот: 6 генијални трикови за кои веројатно не сте знаеле

Кората од лимон е исто толку корисна како и самото овошје

Сите веќе добро знаеме колку е корисен лимонот за нашето здравје, а особено за зајакнување на имунитетниот систем, но дали знаевте дека кората од лимон е подеднакво корисна?

Еве како сè може да се користи:

1. Ги отстранува непријатните мириси

Кората од лимон ги апсорбира сите непријатни мириси. Може да ги ставите на дното на кантата за отпадоци или во патики или чевли, ако имате проблем со непријатен мирис на стапалата.

2. Исчистете ја микробрановата печка

Ставете кора од лимон во сад со вода, а потоа садот ставете го во микробранова печка. Вклучете на највисока температура околу 5 минути. На овој начин, ќе исчезнат бактериите, како и непријатните мириси кои се создаваат со честа употреба.

3. Избркајте ги мравките

Лимонот има природна арома која е одбивна за мравките, па така, лесно и безболно ќе се ослободите од малите напасти. Доволно е да ја поставите кората од лимон на „проблематични“ места. 

4. Освежете го фрижидерот или машината за миење садови

Ставете неколку кори од лимон во фрижидер, машина за миење садови или рерна. Тие ќе ги апсорбираат непријатните мириси и ќе му дадат на вашиот фрижидер свеж и пријатен мирис.

5. Чистење на кожата

Исчистете го лицето со кора од лимон ако имате проблем со акни или кожа која брзо се масти. На овој начин ќе го регулирате лачењето на себум, но исто така ќе ги намалите дамките и ќе го изедначите тенот.

6. Белење на заби

Содржината на киселина во кората од лимон може да ви помогне да ги елиминирате дамките на забите. Тријте ги забите со внатрешниот, бел дел од кората од лимон неколку минути. Потоа исплакнете со млака вода. Повторувајте го третманот од време на време.


Фото: freepik

Можеби ќе ве интересира:

Претеравте со сончање, црвени сте и ве пече: Еве како да ги ублажите изгорениците на природен начин