Не го дочека роденденот: Маја од Гевгелија ја изгуби битката со леукемијата

Почина Маја Рековиќ од Гевгелија, споделија нејзини пријатели на социјалните мрежи. 

Маја Рековиќ од Гевгелија боледуваше од леукемија, во чие име беше подигнато иницијатива за барање донор за донација на соодветна коскена срж на Институт за имунобиологија и хумана генетика на Државна Клиника во Скопје.

Во декември 2018-та година, на Маја ѝ беше откриена болеста, а потоа таа имаше операција за пресадување на коскена срж од нејзината мајка. 

Лани за време на нејзиниот роденден, на 16-ти мај, Маја беше во карантин во Државната болница.

Маја тогаш наполни 36 години, но нејзината ситуација воопшто не ја спречи да ги прими роденденските честитки од најблиските,за што раскажаа фотографиите на Женски Магазин.

За жал Маја годинава не го дочека својот роденден. Искрено сочувство до нејзината фамилија. Почивај во мир, ангелу.