Не го видела славниот татко 15 години бидејќи црквата му забранила да се гледа со ќерката: Додека тој позира на црвениот тепих во Кан, таа шета сама!

Актерот Том Круз деновиве на филмскиот фестивал во Кан го промовира продолжението на „Топ Ган“. Иако на јавноста и на филмската критика и е познат како човек кој е подготвен да направи сѐ за добар филмски кадар, на приватен план не е така бидејќи 15 години ја нема видено својата ќерка.

View this post on Instagram

A post shared by Barirah  (@barirahmaddi)

Ќерката на поранешната актерска двојка Кејти Холмс и Том Круз, Сури, повеќе не е девојче.

И додека добар дел од јавноста сè уште ја доживува како мало девојче, Сури годинава ќе наполни 16 години, а повеќе не и е потребна родителска придружба за да се шета низ градот.

foto: Profimedia

Папараците оваа зима ја фотографираа сама во Њујорк додека купуваше кафе, а од фотографиите е јасно дека ќе порасне во ликот на својата згодна мајка.

Со текот на годините, Сури се повеќе личи на Кејти. Се чини дека таа не наследила многу од нејзиниот татко, а не се знае ниту кога последен пат го видела.

Имено, иако минатата година се шпекулираше дека Том решил да се откаже од својата контроверзна религија поради својата ќерка, сепак странските медиуми пишуваат дека тој не ја видел Сури од 2012 година, кога се разведе од Кејти.

Иако сите овие години имал право да ја гледа својата ќерка 10 дена месечно, како пожртвуван сајентолог, неговата вера му забранила бидејќи Сури не е член на таа црква. А, опсесијата на Том со скиентологијата му пресудила и на неговиот брак со Кејти, која се иселила од нивниот заеднички дом пред осум години од страв за себе и за нејзината ќерка.

Том, наводно, редовно ѝ испраќал писма на својата ќерка, кои нејзината мајка ги криела. Но, минатата година во јавноста протекоа информации за тоа како Сури ги пронашла писмата на нејзиниот татко во куќата на родителите на нејзината мајка во Охајо и дека, откако ги прочитала, сакала да го види.

foto: profimedia

Кејти, пак, ретко се разделува од својата ќерка, а неодамна откри како ја воспитува.

„Јас многу ја сакам. Мојата најголема цел е да остане своја и да биде самоуверена, силна и способна личност и да бидам свесна за тоа", изјавила актерката за "In Style".