Не ја одминувајте: Бабичка која продава цвеќиња на Партизанска е доказ дека среќата е во малите нешта

„Ја прашувам, колку ти се цвеќињава бабо?
- Малите 50 денари, големите 100 денари.
И викам, дај ми едно големо и ѝ давам 200 денари. Не треба кусур бабо.
-Ама синко многу ми даваш, јас некогаш цел ден седам тука за 200 денари.
Ајде сега да те сликам и ќе напишам и други да си купат цвеќе насабајле од кај тебе на Партизанска.
-Чекај да ја извадам маскава, убава да бидам.
... Среќата ја прават малите нешта“ - напиша Димитар Ангелкоски, момчето која ја фотографираше позитивната бабичка која стана хит на социјалните мрежи, покажувајќи дека среќата е во малите нешта.