Не ме прашувајте зошто престанав да се фарбам, имам поважна работа: Маја Оџаклиевска со емотивни видеа за внукот со аутизам

Пејачката Маја Оџаклиевска секогаш отворено зборува за аутизмот на својот внук Лука. За Женски магазин, таа откри дека откако нејзината ќерка Теа, мајката на Лука си заминала од Белград, таа се грижи за внукот

Овојпат сподели две емотивни видеа од внукот и повторно се отвори на оваа тема:

„Лука е роден како здраво бебе. Од првиот ден, тој изгледаше како неговите „очи да шараат“ што би рекол народот. На возраст од 6 месеци, со своите очи и движења го препознаваше своето име.

На возраст од една и пол година, тој веќе кажуваше зборови многу јасно, дури и се обидуваше да прави едноставни реченици.

Потоа ја прими вакцината за ММР.

Тој стана раздразлив преку ноќ, не можеше да спие со часови и покрај тоа што го нишавме и слушаше музика. Престана да зборува, да се смее, одбиваше храна и се врати во пелени. Кога беше будан, се криеше под масата и во ќошовите.

Во фрустрација, ќе си ја удираше главата од подот или ќе се удираше немилосрдно со тупаници. Се обидувавме да ја спречиме само-агресијата, а тоа се претвораше во агресија.

Го однесовме на ЕЕГ и тие ни рекоа дека тоа е сосема нормална функција на мозокот.

Лука денес има 10 години.

Тој сè уште не зборува.

Нападите на автоагресија и агресија станаа значително се намалија, благодарение на огромната количина трпеливост, љубов, толеранција, водство и урамнотежена исхрана.

Лука сака музика, долги прошетки, гушкање, возење (со сите средства за транспорт) и забранети слатки. Прогледуваме низ прсти, се разбира. 

П.С. Не ме прашувајте зошто престанав да се фарбам, зошто ја скратив косата, или зошто ретко се појавувам.

Имам поважна работа.“