Не можев да спасам ниту еден од нив: Медицинска сестра за три дена ги изгуби сопругот и мајката поради коронавирус

На смртна постела, таа му рекла на сопругот дека нејзината мајка е дома и дека ќе остане со неа, иако таа починала три дена порано ...

Медицинска сестра од Оклахома, која работи на интензивна нега, остана без сопругот и мајката поради коронавирусот, кои починаа со три дена разлика.

Лизан Џенингс го тешеше својот сопруг Денис во последните моменти од неговиот живот, пред тој да потклекне на оваа болест.

Таа се сеќава дека на 23-ти ноември му рекла дека нејзината мајка е добро, дека е дома и дека таа ќе остане со неа.

- Знаев дека ќе продолжи да се бори ако му кажам дека мајка ми умре. Почнаа да му даваат морфиум и ативан. Му реков дека го сакам, тој ми одговори исто - раскажува Лизан и додава дека му шепнала дека „сега може да си оди“.

Издиша за последен пат после половина час, изјави таа за Си-Ен-Ен.

Нејзината мајка Линда, која исто така била заразена со вирусот, починала три дена порано.

- Понекогаш жалам за сопругот и се сеќавам дека и мајка ми почина. И тогаш почнувам да ја жалам. И размислувам како ќе му кажам на Денис, но и тој не е тука. Две лица кои треба да ме поддржат ... ги нема - изјави таа за Си-Ен-Ен, додека нејзиниот син Брејден ја тешеше.

Поради загубата, таа и нејзините два сина имаат чувство на давење.

Нејзиниот син Брејден изјави дека за време на смртта на неговиот татко, тој не можел да биде покрај својата мајка затоа што и тој самиот бил заразен.

Мајката и синот рекле дека Денис бил полн со живот пред неговата смрт, а пред да се разболи, честопати го победувал својот син на разни спортски натпревари.

Сепак, наскоро се борел за живот во болницата. Неколку моменти откако починал, тогаш таа го избањала и му ја скратила косата.

- И тогаш го оставив. Не можев да спасам ниту еден од нив. Вирусот дојде во нашата куќа, мајка ми никогаш не излегуваше надвор, сопругот беше внимателен. Престанете да бидете себични - рече Лизан на крајот.

Фото: Youtube/CNN