Не сакал да слушне за него: Ова се потресни детали од од животот на синот на Сузана Јовановиќ-напуштен на 7 месеци, а тука не е крајот на агонијата

Познато е дека Даниел живее со познатиот пар во нивниот дом на Бежанијска коса

Синот од првиот брак на Сузана Јовановиќ, Даниел, во петокот го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Тијана, а на свадбата најсреќни беа гордата мајка Сузана и нејзиниот сопруг Саша Поповиќ, кој го гледа Даниел како негово дете.

Имено, Сузана го родила Даниел кога имала неполни 18 години, а во една прилика изјавила дека тој немал посебно среќно детство, бидејќи неговиот биолошки татко не бил заинтересиран за него.


- Кога се разведовме со татко му, тој имаше седум месеци, па не ни знаеше што се случува. Никогаш не сум кажала ништо против татко му, верувам дека Господ ќе им суди на сите еден ден и дека секој ќе го добие она што го заслужил во животот. Имавме толку многу среќа, или несреќа, што таткото на Даниел воопшто не праша за него.

Дури кога Даниел тргнал во основно училиште, татко му се сетил да се јави и да праша за здравјето на неговиот син. Од друга страна, Даниел не прашал ниту еднаш за татко му, едноставно не чувствувал потреба.

„Јас и син ми сме пријатели, знае дека секогаш може да смета на мене и на Саша - изјавила Сузана во една прилика.

На сите им е познато дека тешката приказна за детството на Даниел сепак има среќен крај, а Сузана вели дека тие двајца имале навистина многу среќа што го запознале Саша и дека тој го прифатил Даниел со толку многу љубов.

- Зборот очув звучи навистина страшно, но во нашата семејна ситуација атмосферата е сосема поинаква. Саша безброј пати во друштвото за Даниел рекол - „Како да е мој син, жал ми е што не сум му вистински татко“. 

Тој е многу горд на него и работат заедно во студио. Ако мажот може да „те купи“ со нешто во животот, тогаш тоа е што ќе го прифаќа твоето дете од првиот брак. Тоа е подобро е отколку да сум добила на лотарија. Воопшто не ги разделува Александра и Даниел. И двајцата се наши деца“, изјавила Сузана, истакнувајќи дека чувствата се взаемни и дека Даниел со еднаква љубов го сака Саша.

Даниел, како што изјави претходно пејачката, не сака да слушне ниту збор за неговиот билошки татко.

- Даниел не сака да зборувам за неговиот вистински татко, тој не заслужи да биде спомнат. Даниел порасна со Саша и мене, а неговиот вистински татко е Сале. Сè што научил, научил од него. Работи кај нас во „Гранд“, режија, тон инженер и одлично се снајде. Срцето ми расте секој ден кога слушам дека луѓето го фалат, го израснавме во прекрасен маж и верувам дека еден ден ќе биде прекрасен сопруг - изјавила Сузана за медиумите пред неколку години.

Да потсетиме, Сузана и Саша својата љубов ја крунисаа со брак во 1998 година, а неколку дена пред бомбардирањето во 1999 година ја роди ќерката Александра, додека нејзиниот син Даниел веќе живееше со нив во куќа на Бежанијска коса.


фото: Printscreen

Саша Поповиќ го ожени синот од првиот брак на Сузана: Таа на свадбата дојде во портокалов костим и чанта од 10.000 евра (ФОТО)