Не се пегла и е одличен SOS моден трик! Омиленото здолниште на кралицта Летиција е сјаен избор кога не знаете што да облечете
Ако брзате, а приликата бара да се дотерувате, секогаш вреди да имате вакво нешто во вашата гардероба
Шпанската кралица Летиција е позната и како кралица на модното рециклирање, бидејќи често повторува облека и со задоволство им се враќа на омилените парчиња.
Така вчера на еден настан облече старо здолниште, многу практично парче совршено за формални ситуации.
Станува збор за парче од брендот Is Coming кое ги покрива колената, а е изработено од брокат - свилена ткаенина со релјефни дезени кои се проткаени со сребрени и златни конци.
Истата комбинација ја носеше во октомври 2021 година, кога Летиција ја отвори изложбата „Гоја“ во Базел, а и тогаш ги носеше лакиранитр слонки во кафена нијанса.
Брокат здолништа кои се украсени со релјефни цветни дезени се многу ценети кога немате идеја што да облечете.
Со малку изгужван изглед, овие здолништа не треба да се пеглаат, па затоа се одличен SOS моден трик кога брзате на важна пригода која бара деловен изглед.
ФОТО: Инстаграм screenshot