Не се појавува во јавност со татко ѝ: Како изгледа ќерката на Дино Мерлин

За време на сите овие години на успешна кариера, Дино Мерлин ги става сопругата и децата на прво место. Тој честопати знае да каже дека неговото семејство му е најважно, и дека вистинско волшебство е токму тоа - како да се одржи хармоничен брак и семејството заедно.

Тој и неговата сопруга Амел имаат две деца. Ќерката Наида е посветена на компјутерските науки и има меѓународна кариера, а постдипломските студии ги заврши на Оксфорд. Својот живот го гради далеку од музиката, каде што нејзиниот татко е еден од најуспешните.


- Наида се роди кога ја започнав мојата кариера и како дете доживеа сè - од сиромаштија до, метафорички кажано, „кавијар и шампањ“. Се навикна на скромен живот, па нејзиниот одговор на моето прашање - што да и донесам од Париз или Њујорк, секогаш беше: „Тато, благодарам, имам сè, само дојди дома што е можно побрзо“. Не ја интересираат материјалните работи, за разлика од нејзиниот помлад брат Хамза - рече тој, објаснувајќи дека неговиот син, пак, е навикнат да добива сè.


Фото: Фејсбук/Youtube

Сите ја пееме, но всушност има болна вистина: Тогаш Дино Мерлин се лекувал на психијатрија