Не се за брак: Никогаш не застанале пред олтар, а немаат ни намера

Во Холивуд браковите се ноторно кратки, но некои од ѕвездите одлучиле да ги заобиколат трошоците и траумите околу разводот па никогаш не застанале пред олтар. Некои од нив однапред знаат дека никогаш нема да стапат на лудиот камен. 

Опра Винфри (66)

Една од најмоќните и најбогатите жени во светот Опра Винфри веќе 34 години е во врска со едукаторот Стедман Грахам (68), но двојката нема намера да стапи во брак. Заради тоа се шпекулира дека Грахам и е само покритие и дека моќната Опра е всушност лезбејка. Водителката објасни дека не сака да се мажи бидејќи двајцата имаат традиционални погледи во врска со тоа што значи да се биде маж и жена.

-Никогаш не би можела да се вклопам во таа улога, изјави Винфри во една пригода.

Леонардо Дикаприо (45)

Откако актерот Џорџ Клуни(58) се смири со адвокатката за човекови права Амал (42), Леонардо гордо ја носи титулата „вечен ерген“. Не му недостигаат акции на љубовен план, а често е гледан во друштво на славни манекенки. Најдраги му се ангелите на Викторијас сикрет. Лео имаше неколку сериозни врски, со Гизела Бундшен беше во врска пет години, ама ниту една убавица не успеа да го натера на брак.

Џон Хем (48)

Актерот е познат по тоа дека бега од брак. Заради тоа ја раскина и 18-годишната врска со Џенифер Вестфелд (50). Се шпекулира дека таа сакала деца, а тој не. Ѕвездата на серијата „Момците од Медисон“ наводно сакал да ја освои Кејт Бекинсејл (46) но без успех. За себе вели дека е нарцисоиден, но дека се обидува да биде добар партнер. 

Винона Рајдер (48)

Глумицата која имаше сјајна кариера пред неколку години пред да ја фатат како краде во бутик, за себе вели дека е „сериски моногамист“. Имаше неколку долги врски, но никогаш не посакала да се омажи.

-Повеќе би сакала никогаш да не се венчам, отколку да имам неколку разводи зад себе, изјави Рајдер во една прилика. Моментно е во врска со дизајнерот Скот Мекинли Хан.