,

НЕ СМЕ МИСЛЕЛЕ ТАКА: Пет вкусни намирници кои се изненадувачки здрави

Некои од највкусните намирници најчесто се етикетирани како нездрави поради лошиот начин на конзумирање. Поголемиот дел од нив доаѓаат од природата, но нивното преработување ги прави непосакувани за нашиот организам, за нашето здравје и убавина. Неретко се случува поради митови и заблуди комплетно да ги исфрлиме од исхтраната иако се добри за нас. Кога еднаш храната ќе добие лоша репутација, тешко е да се врати „добриот глас“. Авокадото има масти, јајцата се лоши за вашето срце, а соковите се секогаш преполни со шеќер, зарем не? Не мора да значи. Понекогаш, негативните коментари за вашите омилени јадења и пијалоци се комплетно неоправдани. Затоа, добро размислете пред да почувствувате грижа на совест поради една коцка чоколада или лажица путер од кикирики. Уживањето во вашата омилена храна често може да биде и одлично за вашето здравје.

ЧОКОЛАДА

Најпопуларниот десерт го регулира крвниот притисок, го подобрува протокот на крвта во мозокот и го штити срцето од болести. Темната чоколада е најздрава бидејќи содржи најмногу какао и најмалку шеќер.

АВОКАДО

Иако содржи многу повеќе масти и калории од повеќето овошје и зеленчук, всушност е многу добро за вас. Богат е со протеини и со витамини и содржи добри маснотии кои помагаат при апсорбирањето на антиоксидансите.  

КАФЕ

Доколку се пие умерено и тоа како е добро за здравјето на вашето срце. Максимум до три шољи дневно е дозата која му е потребна на организмот, а секако е најздраво ако се пие без шеќер и млеко.

ПУТЕР ОД КИКИРИКИ

Обилува со масти, но поголемиот дел незаситени. Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно внесуваат јаткасти плодови или путер од кикирики имаат помала шанса за дијабетес или срцеви заболувања. Путерот од кикирики всушност е голем извор на протеини и доколку е без додавање на шеќер тогаш е еден од поздравите намази.

ЛЕБ

Иако се почесто слушаме совети како е најдобро комплетно да ја исфрлиме од исхраната, оваа намирница не е баш толкаво зло. Добар леб со целосни житарици содржи протеини, влакна, Б витамин и антиоксиданси и е дефинитивно здрав оброк.

Извор: Јournal.hr