„Не тепаа додека не искрвариме, ни даваа да јадеме еднаш на ден и се туширавме еднаш годишно“: Родители со години ги злоупотребувале децата, а ќерката успеала да избега

Џордан Турпин побегнала од куќата на „стравот и ужасот“ на нејзиното семејство, каде што таа и нејзините дванаесет браќа и сестри биле малтретирани и држени во заробеништво, а се‘ било откриено во досега невидените снимки од полициските камери, пренесува „Сан“.

Џордан имала само 17 години кога побегнала од семејната куќа во Перис, Калифорнија и повикала полиција за да пријави дека нејзините родители Дејвид и Луиз Турпин со години насилно ги злоставувале и изгладнувале нивните тринаесет деца.

Џордан, која сега има 21 година, побегнала од куќата низ прозорец во јануари 2018 година и му рекла на полицискиот оператор: „Моите две мали сестри моментално се врзани со синџири“.


Во специјален извештај на ABC за семејството, снимката од камерата првпат беше објавена кога полицијата првпат пристигнала на местото на настанот и ја затекнала панично Џордан како стои покрај патот.

„Само што побегнав од куќата во која живеам во 15-члено семејство. Моите две мали сестри моментално се врзани со синџири“, било првото нешто што тогаш 17-годишното девојче му го кажало на шерифот.

На прашањето каде се оковани нејзините браќа и сестри, таа на полицаецот му рекла дека се врзани со лисици на „кревет“.

„Мама не ги врза само за да биде злобна. Таа ги врза со синџири затоа што ѝ ја украдоа храната“, рекла таа тогаш.

Џордан потоа му се извинила на полицаецот што „зборувала премногу“ и тврдела дека „никогаш не разговарала со никого таму“.

„Никогаш не сум била сама со некоја личност, па ми е многу тешко да зборувам за тоа“, додала девојката која ја доживеала најголемата траума во животот.

Тинејџерката го продолжила разговорот кажувајќи му на полицаецот дека нејзините родители не се свесни дека таа излегла од дома, борејќи се за здив и зборови.

Забележувајќи ја нејзината вознемирена состојба, полицаецот прашал дали во моментов зема некакви лекови.

„Што се лекови? Зачудено одговорила Џордан.

Кога полицаецот ја преформулирал реченицата, прашувајќи ја дали зема апчиња, Џордан одговорила: „Не. Мислам дека никогаш претходно не сум пиела апчиња“.


Нашите родители нè злоставуваат, нè малтретираат“, рекло преплашеното девојче.

Џордан потоа ѝ покажала на полицијата фотографии од нејзините браќа и сестри врзани со синџири, кои тајно ги сликала пред да побегне низ прозорецот.

„Немам докази за се‘, но имам доказ дека моите сестри се врзани со синџири“, рекла тогаш таа.

„Можете да ги погледнете овде. Видете? Тоа се нештата што ги прават“, додала Џордан, навидум несвесна за зборот модринки.

„И гледаш колку е валкано? Ние сме толку валкани. Не се капеме“, додала таа плачејќи.

„Беа врзани со синџири поради кражба на храна. Но ја украдоа затоа што беа гладни“.


Претходно објавената снимка го покажува моментот кога полицијата влегла во семејната куќа Турпин, пред да ги спасат уште дванаесете браќа и сестри на Џордан, кои во тоа време имале меѓу две и 29 години.

Полицијата пронашла две деца во синџири врзани за креветот, како што опишала Џордан, и пронашла синџир што виси на нешто што личело на кревет на спрат.

Сепак, оковите биле само врвот на ледениот брег во децениското малтретирање и тортура во куќата на Турпин.

Инспекторите подоцна откриле дека децата често биле тепани од нивните злобни родители додека не искрварат, дозволувајќи им да јадат само еднаш дневно и да се тушираат само еднаш годишно.

Овој пар чудовиште, кој ја цитирал Библијата за да ги оправда честите тепања, оставал некои деца врзани со месеци.

Децата живееле на сендвич со салама и путер од кикирики, додека нивните родители пред нив јаделе храна за носење.

Децата не смееле да вежбаат, можеле да зборуваат само во ретки ситуации кога разговарале и нивните родители, а им било забрането и да се дружат.

Кога полицијата влегла во куќата, мислеле дека сите деца се помлади од 18 години бидејќи изгледале неухрането, а гласот им бил многу тенок и младешки. Меѓутоа, седум од тринаесетте деца тогаш имале над 18 години.

Дејвид, тогаш 57-годишен, и Луиз, 50-годишна, беа уапсени, а подоцна осудени на доживотен затвор за ужасно малтретирање и затворање на нивните деца.

Тие се изјаснија за виновни по 14 точки, вклучувајќи суровост кон возрасен, суровост кон деца, тортура и незаконско затворање.

Сите браќа и сестри Турпин поминале недели во болница пред да бидат сместени во два различни згрижувачки домови.


„Морав да го сторам тоа

Размислувајќи за нејзиното херојство пред речиси четири години, Џордан рече дека иако е ужасната, знаела дека мора да направи нешто за да ги спаси животите на нејзините браќа и сестри.

„Рацете ми се тресеа“, низ солзи раскажа за моментот кога се обидела да повика полиција.

„Но, јас се обидував да се смирам за да го направам тоа и конечно го притиснав копчето. И кога ми одговорија... Буквално никогаш не бев зборувала на телефон. И почнав да зборувам за тоа како не одевме на училиште, живеевме во нечистотијата, дека гладуваме и сите тие работи“, изјави оваа девојка со огромно срце и огромна храброст.

Морав да се погрижам да заминеме, да не се вратиме таму и дека ќе ја добиеме потребната помош. Затоа што, ако се вратев, сега немаше да седам овде“, рече таа.

На крајот, таа зборуваше за тоа колку и значат малите нешта и слободата што никогаш ја немала, а сето тоа се привилегии кои луѓето често ги земаат здраво за готово.

„Толку сум благодарна што само шетам еден час со мојата музика. Мислам дека овие ситници се работи кои луѓето ги земаат здраво за готово“, изјави на крајот емотивно Џордан.

Таа со своето херојство ги спаси своите браќа и сестри, а денес тие живеат живот достоен за човек, далеку од монструозните родители.


Фото: Инстаграм/Фејсбук-ABC/