Не треба никому да му се оправдувате, ниту докажувате: Живејте си го животот!

Не треба никому да му го опишувате својот живот, не мора да се трудите да се докажувате, не мора никому ништо да му покажувате, само живејте. 

Не треба од луѓето да барате разбирање бидејќи оние за кои вредите и онака ќе ви го дадат, а оние останатите само ќе се претвораат дека ве разбираат. Не мора никому да се оправдувате зашто живеете онака како живеете, да ги отварате своите скриени мисли и чувства со сите, тие и онака тоа ќе го искористат против вас.

Зошто голем дел од животот го трошиме барајќи потврди, колку од тоа во животот го правиме поради што сакаме да добиеме признание од непознати луѓе, да речат „браво“ или да не пофалат. Колку време ги потиснуваме чезнеењата на нашето срце бидејќи сакаме да почувствуваме како другите ни се восхитуваат, да направиме нешто големо.  Колку време трошиме на непотребни докажувања? 

Прво им докажуваме на другите дека вредиме, а потоа тоа истото си го повторуваме себе си, сакаме некој тоа да ни го потврди, нагласи, да не потсети, а потребно е само да живеете, да го исфрлите морето од различни сомневања и стравови и само да му се препуштите на моментот кој доаѓа. Толку добро сме ја развиле тактиката на различни оправдувања, ги развивме само да не живееме, само да не ризикуваме.
Не треба никому да му го опишувате својот живот, оправдувајќи се, бидејќи ако паѓате е знак дека се обидувате, а тоа што станувате е знак дека сте човек кој има образ и карактер, цел и соништа. 

Се' што треба е да живеете, со помалку потреба да се докажувате и оправдувате бидејќи помалку негативни мисли и грижи ќе има во вашата глава, а повеќе убавина во вашиот живот.