Не заборавај дека си една во милион: Емотивно писмо за најдобрата пријателка

Се сеќавам на моментот кога станавме најдобри другарки, во осмо оддление. Не те познавав, но стнавме многу блиски поради заедничките пријатели. Да бидам искрена, не очекував дека ќе те наречам најдобра пријателка и сестра.

Не очекував дека ти ќе бидеш таа која ќе ја викам во два по полноќ додека плачам поради некој дечко или за совет. 

Ова е за мојата најдобра пријателка и сестра, само сакам да ти кажам колку сум ти благодарна што те имам во животот. Не знам што би правела без тебе. Сакам да знаеш колку сум горда на тебе, навивам за тебе секој ден. Тоа никогаш немој да го заборавиш.

Ти благодарам што си секогаш со мене, дури и кога километри не делат.

Ти благодарам за ноќните разговори и за онлајн учењата во 3 наутро. Ти благодарам за секој пат кога ме развеселуваше додека ми беше лошо. Ти благодарам што се чувствував вредно. Што ме извлекуваше од дома за викенди. Што не се откажа од мене. Ти благодарам што едноставно си ти.

Никогаш нема да заборавам колку сакаш пица и дека не можеш да живееш без кафе. Не заборавам колку беше со мене кога плачев како дождлива година. Моментите кога се смеевем како луди. 

Сакам да знаеш дека ќе направам сѐ ова пријателство да трае. Никогаш нема да ги заборавам нашите планови дека ќе патуваме низ цела Европа. Ти си една од милион, и горда сум на тебе. Ти си ми сестра, советник, партнерка за добро и за лошо, ангел чувар, сѐ во едно.

Среќна сум што те имам во својот живот.