Неда Украден го прослави својот 72 роденден: Пејачката ги дувна свеќите со своите најсакани внуци (ФОТО)

Неда отсекогаш нагласувала колку ѝ значат нејзината ќерка, зетот и внуците, а токму тие беа со неа на нејзиниот посебен ден

Пејачката Неда Украден го прослави својот 72-ри роденден во друштво на своето семејство, а дел од атмосферата сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Неда беше опкружена со внуците, а во раце ја држеше својата чоколадна роденденска торта. На втората фотографија сите заедно ги дуваат свеќите од тортата во весела атмосфера.

- Мојата мерка за среќа. На здравје! - напиша Неда со објавата, а за роденденската прослава избра шарен фустан. Многумина ѝ посакаа се најдобро во коментарите.

View this post on Instagram

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)


И покрај годините, Неда сè уште одржува добра линија. Така таа неодамна ги воодушеви своите фанови кога објави фотографии од море во костим за капење

Извор: Telegraf.rs